Wednesday, October 28, 2015

Средновековни Словенски Ракописи во Македонија - Часослов почеток на 18 век (трет дел)



Хартија: 14,5 х 10,5 см. I + 102 листа. Ракописот е цел.
Писмо: По 13 - 17 реда. Полуустав од брзописен тип, српска рецензија со македонизми, само мал ер (ь), обично со вокализација (васадника ва море и сл.). Наслови и одделни иницијали - црвени.
Водени знаци: „Три полумесечини со контрамарка b-V“
Орнаментика: Примитивно поддржување на средновековниот геометриско-растителен стил: л. 1‛ - правоаголно знаменце со плетени кругови во црвено-зеленикава боја; л. 18 - знаменце од сличен тип; л. 21‛ - правоаголно знаменце со два круга со човечки лик и сончеви зраци наоколу; л. 38 - знаменце од три плетени круга во сива боја; л. 56 - правоаголно знаменце со фигура на пророкот Мојсеј.
Повез: Картон од залепени листови во црна кожа со ребра на ‛рбетот, тесна рамка со барокен орнамент и со дијагонали во средниот правоаголник.
Содржина: Часослов
Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје

Средновековни Словенски Ракописи во Македонија - Часослов почеток на 18 век (втор дел)