Saturday, May 16, 2015

Средновековни Словенски Ракописи во Македонија - Фрагмент од осмогласник средина на 17 век



Хартија: 27,5 х 20 см., 1 лист изваден од цел ракопис. Листот е добро зачуван.
Писмо: На првата страница од листот 28 реда, полуустав, српска редакција. Има траги од ресавскиот правопис, со Ъ во предлозите и префиксите но недоследно, на пр. вь чрево, сь мрьтвими. Има широко е. Во фрагментот не се среќава ѕ. Има акцент. Од интерпункцијата употребени се точка и две точки. Насловите и почетните букви се црвени.
Водени знаци: На фрагментот запазена е само контра марка „тролист“.
Орнаментика: Нема.
Повез: Нема.
Содржина: Фрагмент од осмогласник, од евангелските стихири.
Потекло: Фрагментот е најден во Дебар.
Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје