Monday, December 21, 2015

Средновековни Словенски Ракописи во Македонија - Зборник македонски втора половина на 18 век (втор дел)



Хартија: 14 х 9,8 см., I + 157 листови., без почетокот. Листовите имаат првобитна фолијација, почнувајќи од л. 13 - 173. Покрај 12 изгубени листови однапред, недостасуваат уште искинатите празни листови: 116, 140-141, 165 и 4 празни листови на крајот (зачувани се само ситни парченца). Текстот оди до л. 75 (првобитен 87), останатото е празно. На л. I однапред: наслов и белешка за провиниенцијата.
Писмо: Невешт полуустав од XVIII век; во првиот дел од л. 65 со различен број редови од 9-12; во вториот дел по 14-15 редови. Јазикот е македонски со бугаризми, кај црковните песни јазикот е црковно-словенски.
Водени знаци: Фрагменти од ангел што лета со лента над главата на која е напишано "CITA FIORETTA". Името на градот Фиорета го наведува (покрај другите знаци) Eineder бр. 146 од 1774 год. и бр. 1681 од 1772 год.
Орнаментика: На л. 6‛ и 7 неуметнички тесни знаменца. Невешто цртани илустрации на л. 21‛ ѓаволот го напаѓа Св. Димитрија во вид на скорпија, на л. 24 победа на маченикот Нестор над Лиј и на л. 63 икона на Св. Димитрија.
Повез: Нема.
Содржина: Зборник.
Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје.

Средновековни Словенски Ракописи во Македонија - Зборник македонски втора половина на 18 век (прв дел)