Saturday, May 17, 2014

Средновековни Словенски Ракописи во Македонија - Акатист на пресвета богородица крај на 15 почеток на 16 век



Хартија: 18,5 х 13 см. 17 листови. Маргините скоро на сите листови се подјадени од црвојадини.
Писмо: Различен број на редови од 20-22, обично се по 22 реда на страница во еден столбец. Писмото е полууставно со уставни елементи од крајот на XV век. Редакцијата е српска, од Ресавската правописна школа. Се употребуваат двата ера. Големиот ер обично се употребува во предлозите и префиксите, а малиот ер на крајот од зборот.Од надредните знаци се среќаваат акцентоти и кеидемата. Од интерпукциските знаци се употребува точката, две точки и поретко запирката. Насловите и почетните букви се напишани со црвено мастило, а останатиот текст со темно кафеаво мастило.
Водени знаци: На местото кадешто се наоѓа водениот знак, хартијата е исечена така што останати се само фрагменти од водениот знак од кои може да се види дека водениот знак е „сидро во круг“ од крајот на XV или почетокот на XVI век.
Орнаментика: Почетните букви се црвени и поголеми, некои од нив се скромно иницијални.
Повез: Нов, картон завиткан во кожа.
Содржина: Акатист на Пресвета Богородица.
Потекло: Ракописот е најден во с. Клепач - Прилепско.
Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.