Sunday, May 25, 2014

Средновековни Словенски Ракописи во Македонија - Фрагмент од слово прва четвртина на 15 век



Хартија: 17,5 х 13 см. 1 лист. Листот е изваден од цела книга. Горниот дел од маргината и неколку реда од текстот недостасуваат.
Писмо: Сочувани се по 21 ред на првата и втората страница. Писмото е полууставно. Правописот е едноеров. Во интерпункцијата употребени се точка и запирка. Од надредните знаци се среќаваат акцентот и кендемата. Употребено е само црно мастило.
Водени знаци: „Ножици“
Орнаментика: Нема.
Повез: Нема. Се чува во папка.
Содржина: Фрагмент од Слово.
Потекло: Ракописот е најден во Кратово и е купен од Иван Поп Андонов.
Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје

Средновековни Словенски Ракописи во Македонија - Фрагмент од октоих петогласник првата половина на 15 век



Хартија: 24 х 19,5 см.; 1 тешко оштетен лист. Во средината изеден од глувци.
Писмо: На 23 реда. Устав со форми и правопис од XV век. Српска редакција, едноеров правопис. Се среќава само малиот ер. Од надредните знаци се среќаваат акцентот и кендемата, но недоследно. Од интерпункцијата застапена е запирката. Почетните букви се со црвено мастило.
Водени знаци: „Ножици“
Орнаментика: Нема.
Повез: Нема. Се чува во папка.
Содржина: Фрагмент од октоих петогласник. Во понеделник наутро, глас осми, песна девета.
Потекло: Ракописот е најден во с. Ропотово - Прилепско и е идентичен со ракописот под сигнатура ЦРМ-2 објавен од В. Мошин, Словенски ракописи во македонија, кн. I, Скопје, 1971 година, опис број 28, стр. 95.

Средновековни Словенски Ракописи во Македонија - Фрагмент од посен триод почеток на 15 век



Хартија: 28,5 х 20,5 см.; два многу трошни листа - горниот крај сосема изгниен.
Писмо: По 29 реда во две колони. Полуустав со форми од XV век; српска рецензија; правопис од Рашката школа со еден ь без акценти. Интерпункцијата е без запирка. Наслови и заглавни букви со црвено мастило.
Водени знаци: На двата листа се исти: цвет со пет латици на стебленце.
Орнаментика: Нема.
Повез: Нема.
Содржина: Од службата на вечерна во вторник, V недела на постот.
Потекло: N/A.
Локација: Архив на Македонија.

Saturday, May 17, 2014

Средновековни Словенски Ракописи во Македонија - Акатист на пресвета богородица крај на 15 почеток на 16 век



Хартија: 18,5 х 13 см. 17 листови. Маргините скоро на сите листови се подјадени од црвојадини.
Писмо: Различен број на редови од 20-22, обично се по 22 реда на страница во еден столбец. Писмото е полууставно со уставни елементи од крајот на XV век. Редакцијата е српска, од Ресавската правописна школа. Се употребуваат двата ера. Големиот ер обично се употребува во предлозите и префиксите, а малиот ер на крајот од зборот.Од надредните знаци се среќаваат акцентоти и кеидемата. Од интерпукциските знаци се употребува точката, две точки и поретко запирката. Насловите и почетните букви се напишани со црвено мастило, а останатиот текст со темно кафеаво мастило.
Водени знаци: На местото кадешто се наоѓа водениот знак, хартијата е исечена така што останати се само фрагменти од водениот знак од кои може да се види дека водениот знак е „сидро во круг“ од крајот на XV или почетокот на XVI век.
Орнаментика: Почетните букви се црвени и поголеми, некои од нив се скромно иницијални.
Повез: Нов, картон завиткан во кожа.
Содржина: Акатист на Пресвета Богородица.
Потекло: Ракописот е најден во с. Клепач - Прилепско.
Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје