Sunday, March 2, 2014

Средновековни Словенски Ракописи во Македонија - Одломка од службата на светите апостоли Петар и Павле крај на 14 или почеток на 15 век



Хартија: ламинирана, 28 х 21,5 см., 1 лист. Крајот на листот околу ‛рбетот изгниен и отпаднат, така што всушност ширината на одломката е 17,5 см.
Писмо: По 27 реда, устав со полууставни елементи, со форми од крајот на XIV век и почетокот на XV век. Три форми на Т - обично, триножно и двоножно;ч еднострано како бројот 4.  Акцентните знаци се чести, но не се систематски со примери на акут, гравис и кендема. Запирката е ретка. Насловите и заглавните букви се испишани со црвено мастило. Уметнички иницијали нема.
Водени знаци: Нема. Потката е доста , според типот од крајот на XIV и почетокот на XV век.
Орнаментика: Нема.
Повез: N/A
Содржина: Одломка од службата на Св. апостоли Петар и Павле, 29 јуни
Потекло: N/A
Локација: Архив на Македонија

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.