Monday, January 6, 2014

Средновековни Словенски Ракописи во Македонија - Четвороевангелие крај на 14 век и почеток на 15 век (трет дел)



Хартија: 21,5 х 14 см., 152 листа. Во почетокот недостасуваат неколку листа, по л. 139 недостасуваат повеќе листови, на крајот исто така недостасуваат повеќе чистови т.е. дел од евангелието од Лука и целото евангелие од Јован. Освен тоа, многу листови се тешко оштетени, недостасуваат големи парчиња од истите. Ракописот е конзервиран (ламиниран) во лабораторијата при Народната библиотека на СР Србија во 1972 година.
Писмо: По 23 реда, во една колона, уставно писмо со полууставни елементи.
Акцентски знаци има но несистематски, се среќава и кендема. Интерпукцијата е со точка. Насловите и заглавните букви се напишани со црвено мастило, а останатиот текст со црно мастило.
Водени знаци: „Ножици“
Орнаментика: Насловите на евангелијата со поголеми букви и со скромно иницијални почетни букви.
Повез: Нема.
Содржина: Фрагмент од четвороевангелие (од Лука глава 14 зачало 74).
Потекло: Ракописот е најден во Куманово.
Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје
 

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.