Tuesday, December 23, 2014

Средновековни Словенски Ракописи во Македонија - Псалтир со последование 1561 год. со ракописно дополнение од прва четвртина на 17 век (шести дел)



Хартија: 18 х 13 см., 268 листа од кои ракописни листови се од 1-8 и од 43-61. Книгата не е цела, во почетокот недостасуваат повеќе листови.
Писмо: Во една колона, по 20 реда на ракописните страници. Писмото е уставно од печатен тип. Српска редакција, ресавски правопис, со ъ во предлозите и префиксите, ь многу ретко се употребува обично на крајот од зборот, десетерично ї пред вокалите, со s (на пр. ѕѣлѡ, ѕѣницоу, враѕи, ноѕ). Од интерпункциските знаци се среќава точката и многу ретко запирката, но недоследно. Акцентот ретко се употребува, се среќава и кендемата. Насловите, позначајни места и почетните букви се напишани со црвено мастило, а останатиот текст со црно мастило.
Водени знаци: „Сидро во круг со тролист одозгора“ со контрамарка од 1610 година.
Орнаментика: Се среќаваат почетни иницијални букви.
Повез: Нов, црна кожа.
Содржина: Пслатир со последование.
Потекло: Книгата е купена од свештеникот Боро Талевски од Прилеп.
Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје

Средновековни Словенски Ракописи во Македонија - Псалтир со последование 1561 год. со ракописно дополнение од прва четвртина на 17 век (петти дел)