Wednesday, September 4, 2013

Веле Марков


Веле Марков бил македонски револуционер, социјалист, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската социјалистичка група и Македонската револуционерна организација.
Марков е роден во 1870 во сиромашно семејство во крушевско Селце, тогаш во Отоманската империја. Во 1892 година заминува на печалба во Софија, каде што работел како градител и столар. Се запознава со Васил Главинов и станува член на БРСДП. Основач е на столарскиот синдикат во Софија и на Македонско-одринскота социјалдемократска група во 1896 година. Во 1899 година заминува за Крушево, а подоцна останува во Битола и работи како столар. Во Битола формира социјалистички кружок, а на 2 јуни 1900 година организира социјалистичка конференција во Крушевско, на која се решава социјалистичките групи да се влезат во ВМОРО.
Во март 1901 година влегува во четата на Никола Русински, а од август е крушевски војвода. При борбата кај селото Ракитница на 23 јули 1902 година војводата Веле Марков, како и поголем дел од четниците загинуваат, освен Ѓурчин Наумов - Пљакот и уште тројца четници кои успеале да ја пробијат турската заседа.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.