Sunday, September 22, 2013

Иван Анастасов - Грчето


Иван Јанко Анастасов е македонски револуционер, деец на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација. Бидејќи по потекло бил Грк,тој го носи и прекарот  Грчето.
Анастасов е роден во 1880 година во Мелник, тогаш во Отоманската империја. Учи во грчкото и во бугарското училиште во родниот град и во бугарското педагошко училиште во Сер, каде завршил втор педагошки курс. Од 1899 година е селски егзархиски учител во Игуменец, Петричко.



Во ВМОРО влегува во 1900 година. Првин е четник во четата на Костадин Зелников, а потоа за кратко во четата на војводата Стојко Бакалов. Во ноември 1900 година во село Моноспитово се запознава со Гоце Делчев, кого го придружува во обиколки низ Источна Македонија. Работи како револуционерен агитатор во Петричко, Поројско, Демирхисарско и Струмичко.Постојано е четник во четите на Михаил Поројлијата и Илија Крчовалијата и е секретар на четата на Георги Радев.Се повлекува во Бугарија на 9 месеци, по што повторно влегува во Македонија со четата на Гоце Делчев. Во Илинденското востание е војвода на чета во Драмско, која е разбиена во борба кај селото Калапот. Иван Анастасов повторно се повлекол во Бугарија каде Љубомир Милетиќ ги запишал неговите спомени.Во почетокот на 1904 година се упатува за Драмско со чета од 14 души, но уште на бугарско-турската граница паѓа во заседа и загинува заедно со сите четници.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.