Thursday, August 23, 2012

The People of Turkey a book from 1878

Front page
Page 11
Page 12
In this book there is some interesting information about the socalled Bulgarians* of Macedonia, they call themselves for Macedonians. Thus there is no doubt that those calling themselves for Macedonians are Slavic-speakers.

*Bulgarian was a common term for Christian Slavic speaking peasant in the Ottoman Empire. Reference; Loring M. Danforth 1995, Victor A. Friedman 2000.

From the book “The People of Turkey. Twenty years residence among Bulgarians, Greeks, Albanians, Turks, and …” By Fanny Janet Blunt from 1878, page 11-12.

Sunday, August 19, 2012

Manifesto of the Macedonian army, 1880



From Discourses of Collective Identity in Central and Southeast Europe (1770-1945) edited by Balázs Trencsényi, Michal Kopeček, page 482-483.

The Macedonian colony in St Petersburg’s proclaimation 1915


This is the last known publication of editorial staff of “Makedonski Golos” with the complete proclaimation of 8th June 1915.

Notice the flag with Bukefal on it and please do also notice the text writen above it, THE MACEDONIAN FLAG and also written on it, ONE INDEPENDENT MACEDONIA.

Greek scholar recognizes Macedonia in 1964


Front Page
Index Page
Table of maps Page
Map of the Republic of Macedonia
Introduction Page

Greek scholar Evangelos Kofos recognizes People’s Republic of Macedonia in his book “Nationalism And Communism In Macedonia” from 1964.
Greece had no problem with our name containing the word Macedonia or even “Republic of Macedonia”.

Saturday, August 18, 2012

Славејко Арсов


Славејко Арсов е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.
Тој е роден во (Штип на 17 август 1878 и починал на 22 август 1904). Школувањето го усовршувал во Штип, Скопје (1895) и Софија (1897/98).

Четата на Арсов
Во 1899 стапува во редовите на ТМОРО. Во 1900 година лежи во затвор во Кичево, а потоа во Битола. По 14 месеци со откуп успеал да излезе од затворот.
Во првите години тој бил обичен борец во четата на војводата Марко Лерински, а потоа бил избран за околиски војвода во Битолско, па во Ресенската околија.
Учествувал активно на Смилевскиот конгрес и во Илинденското востание во борбите што се воделе во Ресенско.

Четата на Арсов
Кога востанието било задушено, тој отишол на лекување во Бугарија, но набрзо се враќа дома во Македонија заедно со своја чета.
Идејќи за Ресен, на 22 август 1904 година, близу до с. Ѓуѓанци (Светиниколско), заедно со четата на Стојан Донски, биле опколени од турски аскер.
Цели 6 часа имале тешка и крвава борба. Тој бил тешко ранет и за да не падне жив во рацете на турскиот аскер се самоуби.

Thursday, August 16, 2012

Wednesday, August 15, 2012

Macedonian the Indo-European language


Taken from the book “The Indo-European Languages” edited by Anna Giacalone Ramat and Paul Ramat, 1998, page 32.

Chalkidiki the only Greek speaking part of Ancient Macedonia


Taken from the book “The Indo-European Languages” edited by Anna Giacalone Ramat and Paul Ramat, 1998, page 230.

Tuesday, August 14, 2012

Macedonian speaking areas include Bulgaria and Greece


Taken from the book “The Indo-European Languages” edited by Anna Giacalone Ramat and Paul Ramat, 1998, page 416.

Macedonian speaking areas in Greece and Bulgaria

Title page
Page 86

Source: “Endangered Peoples of Europe: Struggles to Survive and Thrive” by Jean S. Forward, 2001.

Greek contract mentioning the Macedonian language, translation needed

Here is a Greek contract from 1923 mentioning the Macedonian language, see the red arrows.


Here is an explanation of the document and a partial translation:
The document is an official contract by a Voden Notary Public, in the year 1923, between the Macedonian villagers of Platani and the Greek State, for the purchase, from the State, of lands and properties in Platani village, which was founded in 1907 by people who moved from Pozarsko region. This year the Municipality of Voden celebrated the 100 years anniversary of the founding of the village.
Among other informations written in the contract, in the point showed by the two arrows, it is written exactly this:

“…..the second of the contracting parties between number eleven and number forty nine who do not know the Greek but only the Macedonian (language), they presented themselves together with their own hired translator, of their choice and trust of beeing able to do so, person that I know as Mr. Theodor Tsiokou, land-owner and a Voden resident, who took oath in front of me on the Holy Bible as by law is requested, that he is going to make a sincere and true translation from the Greek to the Macedonian, and the opposite, to the contracting parties, the witnesses and to me…..”

Macedonian a spoken tongue in Michigan, 1941

Front page
Title page
Page 111

Macedonian was spoken as a language in the USA, namely in the state of Michigan in 1941.

Wednesday, August 8, 2012

Ion Dragoumis recognizes the Macedonian language in 1907


Here is a translation of the above text into English:
-You cannot own every city that is inhabited by Greeks. If so Marseille would be yours, as well as Odessa
-The same observation more or less I make of you.
You want to make the area of Monastiri yours, because there are towns where the Macedonian language is spoken, which you call Bulgarian.
- Many towns! All the towns in the area speak Bulgarian!
Do they wish to be Greeks or not?
And since they do want(to be Greek), Im not sure if language is enough proof of a peoples ethnicity.
First off, the language in question is not spoken by all, but only some Macedonian villagers. Those who speak it, do so only in their houses not in public(agora), where they speak Greek. And finally, this language is not Bulgarian, but a mix of slavic and Greek. It is not Bulgarian, Bulgarian does not exist even in Bulgaria. The cities of Macedonia are clearly Greek, the people of the area are Greek, the history of the area is Greek, and the actual land(earth/dirt) is Greek.
- I can not understand, and I never will, this idea that you have that the Macedonians lost their language and picked up Bulgarian.
-I can not see how the Bulgarians who are Hunno-Tartars lost their language and took…

Source: Ίων Δραγούμης, «Μαρτύρων και ηρώων αίμα», εκδ. Μαλλιάρης-Παιδεία (φωτογραφική ανατύπωση της α’ εκδ. 1907), page 98.
Ion Dragoumis, “Martyrs’ and Heroes’ Blood”, edition Malliaris-Paideia (photocopy of the 1907 edition), page 98.
Above is noted the MACEDONIAN LANGUAGE and the MACEDONIANS.



Tuesday, August 7, 2012

Крушевски манифест

Крушевскиот манифест е манифест што го објавила револуционерната власт во Крушево за време на Илинденското востание. Напишан е на 6 август, а негов автор е Никола Киров Мајски, иако одредени историски извори како автор го наведуваат Никола Карев. Напишан е на македонски јазик (крушевски дијалект), а потоа, преведен на турски јазик, е испратен во 17 примероци до околните села со чисто или мешано муслиманско население.
Во него околното муслиманско население братски се повикува да ја поддржи и да ја помогне светата борба на сите обесправени во Македонија. Манифестот наидува на добар прием од страна на муслиманското население, а кметот на селото Алданци возвратил со порака во која изразува разбирање за мотивите на востаниците.
Текстот на Манифестот прв пат е објавен во драмата „Илинден“ на Никола Киров Мајски во 1923 година.
Крушевскиот манифест се обраќа кон нехристијанското месно население во востанатите региони. Иако е напишан во форма на обраќање до муслиманите - Турци, Торбеши и Арнаути (Албанци), Манифестот едновремено дава и јасна слика за мотивите и целите на востанието, неговиот револуционерен, национално-ослободителен и социјален карактер.


Содржината на Крушевскиот манифест:

Браќа земљаци и мили комшии!
Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници от хубавото Крушево и неговите китни села, без разлика на вера, народност, пол и убежденија, не можејќи веќе да трпиме тиранијата на жедните за крф и гладните за чоечко месо муртати, шчо гледаат и нас и вас да дотерат до нош, и нас и вас да дотераат до питачки стап и нашата мила и богата земја Македонија да заприлегат на пуста пустиња, денеска дигнафне глава и решифне со пушка да се браниме от тие наши и ваши душмани и да добиеме слобода.
Вие мошне арно знајте оти ние не сне лоши и разбирате оти от мака си ја кладофне главата в торба, за да заживејме како браќа на оваја земја, ние ве имаме како сфои и сакаме до крај да останиме сфои.
Ние не дигнафне пушка протиф вас - това би било страм за нас; ние не дигнафне пушка протиф мирнио, трудољубивио и чеснио турски нарот, шчо се прерануат, како нас со крваф пот - тој јет наш брат и со него сне живејале и пак сакаме да живејме; ние не излегофне да колиме и да грабиме, да палиме и да крадиме - доста ни сет зулумите на безбројните деребеи по нашата сирота и окрвавена Македонија; ние не излегофне да порисјанчуваме и да бесчестиме вашите мјаки и сестри, жени и ќерки; требит да знајте оти вашио имот, вашио живот, вашата вера и вашата чес ни сет толку скапи, колку шчо ни сет скапи нашите. Анџак, за да си завардиме имото, живото, верата и честа, ние сне зеле пушка.
Ние не сне муртати на сфојата земја, шчо не родила, ние не сне арамии и јанкесеџии, а ревољуционери пот клетва да умриме за правото и за слободата; ние се бунтуваме протиф тиранијата и протиф ропството: ние се бориме и ќе се бориме протиф муртатите, протиф арамиите, протиф зулумќарите и јанкесеџите, протиф насилниците на нашата чес и на нашата вера и протиф тие шчо смучат нашата пот, и експлоатират нашио труд. От нас, и от нашите села да не се плашите - никому зијан не ќа сториме.
Ние не само ве имаме како сфои браќа, туку и ве жаљаме како сфои браќа, бидејќи разбираме оти и вие сте робје како нас, робје на царо и на царските бегој, ефендии и паши, робје на богатите и на силните, робје на насилниците и на зулумќарите, шчо ја запалија царшчината од четирите страни и шчо не натераа нас да дигниме глава за право, за слобода и за чоечки живот. За право, за слобода и за чоечки живот ве каниме и вас да дојдите заедно да водиме борба!
Елате, браќа мусљумани, при нас да тргниме протиф вашите и наши душмани! Елате под бајрако на „Афтономна Македонија”! Македонија јет заедничка наша мајка и викат за помош. Елате да скршиме синџирите на ропството, да се куртулиме от маки и страданија, и да пресушиме реките от крвој и солзи!
Елате при нас, браќа да си слејме душите и срцата и да се спасиме, та ние и нашата чељат и пречељат да живејат мирно, да си работат спокојно и да напредуат!...
Мили наши комшии! Како Турци, Арнаути и мусљумани, разбираме, вие се си мислите, оти царстфото јет ваше и оти вие не сте робје, шчом на царскио бајрак немат крст, а имат ѕвезда и месечина. Оти не јет така и оти грешите, вие брго ќе се сетите и ќа го разберите. Ама ако ви јет намуз да дојдите при нас и да се објавите протиф царската тиранија, ние, вашите по таткојна и по страданија браќа, немат да се докачиме и не ќа ве мразиме. Ние сами ќа се бориме и за нас и за вас, ако јет потребно, до еден ќа умриме пот бајрако за нашата и ваша слобода и за нашето и ваше право. “Слобода или смрт” јет писано на нашите чела и на нашио крваф бајрак. Ние веќе го дигнафне тој бајрак и немат враќање. Ако и вие нe имате како ваши браќа и ни сакате доброто, ако есапите пак да живејте со нас, како шчо сте живејале досега и ако сте верни и достојни синој на мајка Македонија, можите да ни поможите само со едно нешчо - а тоа јет голема помшт. да не се заортачите со душманите, да не дојдите со пушка протиф нас и да не прајте зулуми по рисјанските села!
Нека Господ Бог да благослојт светата борба за правото и слободата!
Нека сет живи борците за слободата и сите чесни и добри македонски синој!
Ура! За „Афтономна Македонија”!

Објавување на Илинденското востание од Никола Киров Мајски

15 јули 1903 г.
Главен штаб на II македонски
револуционерен округ
Врф „Победоносец“
До центровите и селските началници и народот
Браќа,
Најсетне дојде веќе денот шчо толку многу го чекафне, за да се распрајме со вековниот наш душман! Крфта на загинатите от турската тиранија на првина наши браќа високо викат да си платиме! Згазената чес на нашите мајки и сестри сакат да си дојт на место!
Доста толку маки, доста толку страм! Хилјада пати поарно смрт отколку страмен и скотски живот!
Определениот ден, кога народот от цела Македонија ќе требит да излезит јавно со оражие в раце спроти душманот, јет Илигден - 20 јули, 1903 г. Во тој ден тргнете, браќа, по вашите началници и зберете се пот бајракот на слободата! Дрште се здраво, браќа, во борбата! Само воопорита и долготрајна борба јет нашето спасение!
Долу Турција! Долу тиранијата! Смрт за душманите!
Да јет жиф народот! Да јет жива слободата! Ура!
Ве целиваме братски
Штабот.

Никола Киров Мајски



Никола Киров Мајски (Крушево, 28 јуни 1880, - Софија, 2 август 1962) е македонски револуционер и писател. Тој е авторот на Крушевскиот манифест.
Никола Киров Мајски е роден во семејство со револуционерни традиции, кое потекнува од охридското село Свиништа. Дедо му Трајко, познат по прекарот „Демир (Железен) Трајко“ своевремено важел за голем бунтар и народен закрилник. Татко му Киро бил ѕидарски мајстор, изучувајќи го старословенскиот и грчкиот јазик.
Основното образование го стекнува во родниот град, а гимназијата во Битола и Солун. Неговата бедна положба уште повеќе се влошува кога во 1892 година умира мајка му и се разболува татко му. Сепак успева да добие стипендија и да се запише во Битолската неполна машка гимназија каде ќе ги направи првите чекори на револуционерното поле, поврзувајќи се со неговиот воспитувач Пере Тошев, за кого ќе рече: „На учениците тој гледаше како на идни апостоли на слободата кои преку исполнувањето на својот патриотски долг ќе мораат да се соочуваат со маса тешкотии и да ги превозмогнуваат.“
Поради учеството во ученичкиот бунт во 1898/1899 година, заедно со група ученици ќе биде исклучен од Битолската гимназија. Сепак, по интервенцијата на охридскиот владика Методиј казната му била укинета и тој своето образование го продолжил во Солунската гимназија.
Во 1902 година заминува на учителска должност во леринското село Баница. Следната година се враќа во Крушево каде го затекнува Илинденското востание во кое братучед му Никола Карев ќе стане претседател на Крушевската република, а тој ќе го состави познатиот Крушевски манифест.
По неуспехот на Илинденското востание, во 1906 година повторно учителствува во Леринско. Подоцна се запишува на Софискиот универзитет а во 1909 година учителствувал во бугарскиот град Ихтиман каде поради недоразбирањата со тамошниот училишен инспектор се враќа повторно во Крушево. Во 1910 година е назначен за директор на училиштето во Дебар и Ресен, но поради акциите кои ги спроведуваат младотурците тој е спречен на тоа, поради што е и уапсен, каде е подложен на жестоки физички мачења. По 17-дневни мачења во истражниот затвор во Крушево, во недостиг на конкретни докази Мајски бил ослободен и тој веднаш стапил на должност во Дебар.
Таму тој бил осомничен за подбуцнувач на месната македонска и албанска интелигенција. Во учебната 1911/1912 година е директор во Ресен, каде застанал на страната на учителството за време на неколкудневниот штрајк. Поради оправданоста на штрајкувачките барања тој бил унапреден за училишен инспектор на Охридската епархија.
За време на една обиколка во Струга, Мајски дознал за ултиматумот што балканските држави го доставиле на Турција и кое доведе до започнување на Балканските војни. Веста кај него предизвикала спонтана реакција: „Зарем требаше и Бугарија да го бара од Турција, она коешто ние го бевме спечелиле низ легални и нелегални средства и борби и кога почнавме веќе постепено да навлегуваме во војската, администрацијата и судските институции. Кој ѓавол ја принудил да се договара со своите соседи и да упатува ултиматуми за нас, без наше знаење и желба. Зошто таа не го стори тоа во времето кога ние бевме една моќна сила, кога ВМРО се почитуваше еднакво и од Турција, и од балканските држави...? Зошто не влезе во договорни односи со Србија и Грција за заемно откажување од завојувачката политика и не побара интервенција од големите сили за правилно разрешување на македонското прашање...? Какви ли расходи ќе платиме ние Македонците наспроти илуминациите на балканските држави во случај ако Турција го отфрли ултиматумот и се објави војна? Каков ли грозен можеби уште погрозен и пострашен ропски јарем од досегашниот, ќе ни наврте на вратот завојувачката политика на непријателите на борбена Македонија. Бидете проклети, о, браќа- небраќа!“
Подоцна врз Мајски биле вршени обиди да биде регрутиран за целите на големосрпската политика во Македонија. Понудено му било да стане околиски началник во Подградец (Албанија), но тој дипломатски одбива.
По крајот на Втората балканска војна, тој го напушта Охрид и заминува во Бугарија. Овде заедно со македонската интелигенција го уредувал органот на федералистите „Автономна Македонија“ во која објавува низа свои прилози. Завршил правни науки во Софија и работел како учител, па како финансиски службеник, а потоа се занимавал и со други дејности.
Значајна е и неговата активност во рамките на Крушевското братство пред и по Втората светска војна.
Значаен е и неговиот творечки фонд со драмските остварувања и поетски ракописи, посебно „За Македонија“. По предавањето на стихозбирката од името на ЦК на ВМРО на Тодор Александров, Георги Бажданов, Јордан Бадев и други за да ја прегледат и дасе изјаснат дали таа може да биде печатена, Јордан Бадев ќе му одговори: „Порано јас имав или сакав да имам добро мислење за тебе но ти даваш докази дека сакаш да се надраснеш себе си... Си застанал да пишуваш стихови на македонски јазик, каков што не постои и каков што никогаш нема да постои. Зашто не постои македонска нација а има само македонски Бугари кои се неразделен дел од нашава нација и сите Бугари говорат на еден јазик-бугарскиот! Да се тврди спротивното е безумство, а да се работи за македонска нација тоа е злосторство и предавство.“
Никола Киров Мајски починал во Софија, во длабока старост, токму на денот на Илинден, 2 август 1962 година.

Wednesday, August 1, 2012

Андреја Димов-Докурчев

Андреја Димов-Докурчев
Андреј Докурчев е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно двиежење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Докурчев е роден во 1878 година во Велес, Македонија, а тогаш во Отоманската империја. Станува член на Организацијата во 1894 година, а со нелегален станува во 1896 година, кога се приклучува во четата на Андон Ќосето, а подоцна е четник при Михаил Апостолов и Крсто Асенов.

Андреј Димов,Андон Ќосето,Марко Христов
Докурчев е горноџумајските околиски војвода во 1901 година и учествува во аферата Мис Стон.
Во пролетта 1903 година заминал за Крушево со четата на Питу Гули.
За време на Илинденското востание зел учество во заштитата на Крушевската република, а по востанието повторно е војвода во Горноџумајско во периодот 1904 - 1905 година.

Четата на Андреј Димов за време на Илинденското востание

Од следната 1906 година е нелегален член на Струмичкиот окружен револуционерен комитет и ревизор на четите. Загинал на 10/11 октомври 1907 година во месноста Бел камен во близина на селото Будинарци, Малешевско.