Sunday, July 15, 2012

Јордан Поп Јорданов - Орцето

Јордан Поп Јорданов - Орцето (познат и само под прекарот Орце) (Велес, 1881 – 17 април 1903) бил македонски револуционер - анархист, член на илегалниот терористички кружок Гемиџии кој кон крајот на април 1903 година ги извршил познатите Солунски атентати врз објекти кои целосно или делумно биле во сопственост на западноевропските капиталистички земји и турските власти.
Роден е во Велес, како помлад брат на македонскиот револуционер Миле Поп Јорданов. Се школува во родниот град и Солунската бугарска машка гимназија. Како шестокласник го прекинува образованието и заминува во Софија од каде се префрлува во Солун.
Тој е еден од поистакнатите членови на Гемиџиите, а подоцна и негов водач. Претходно среќавајќи се со Слави Мерџанов во Цариград (1899), ја прифаќа неговата идеја за минирање на Отоманската банка во Солун и настојува да ја реализира.
Договорено е подземниот тунел до банката да се копа од изнајмениот дуќан берберница на Владимир Пингов. Тунелот ќе биде прокопан во одредениот рок, но акцијата ќе биде одложена.
На 29 април 1903 тој ќе го активира динамитот во прокопаниот тунел и ќе ја крене во воздух Отоманската банка. Потоа фрла бомби пред хотелот „Салоник“.
Загинува херојски на 30 април 1903 во куќата во која што живеел, фрлајќи ги последните бомби врз турските војници кои го држеле под опсада.
Орцето бил бескраен идеалист. Тој и со својата смрт сакал да биде корисен за револуционерното дело и својата татковина Македонија.
Тој непосредно пред Солунските атентати се осигурал во друштвото Њујорк на 10 000 франци и тоа на иметото Симеон Радев.
Орцето го замолил Симеон Радев осигураните 10 000 франици по неговата смрт да му ги предаде на Борис Сарафов затоа што тој им дал 10 000 франци на Гемиџиите и ги помагал на разни начини. Во писмотото до Радев, тој истакнал:

"Пред неколку месеци се осигурав на 10 000 франци, која сума по мојата смрт ќе ти биде испалтена. Сакам и со мојата смрт да бидам во полза на делото, за кое живеев, работев и ќе умрам - делото за ослободување на нашата скапа и сакана Македонија."

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.