Thursday, September 1, 2011

Ибе Паликуќа


Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 - 22 септември 1944), народен херој на Македонија.
Родена е во 1927 година во Дебар, Македонија, во семејство од средната класа. Татко и бил оџа. После завршеното основно училиште, останала дома, како повеќето албански девојки на нејзина возраст. Нејзините ја приготвуваат да биде домаќинка. Војната и италијанската окупација ја затекуваат во Дебар. Нејзиното семејство е антифашистички настроено. Нејзиниот брат работел за Народно Ослободителното Движење. Таа како пионер ја добила првата задача како курир да носи писма и да пренесува илегалци. Таа се повеќе се ангажирала, читала и растурала летоци. како петнаесетгодишна девојка, примена е во СКОЈ. Лесно се движи низ градот, затоа што окупаторот не се сомнева на неа дека е комунист, затоа што татко и е оџа. Во нивната куќа се одржуваат состаноци и свраќаат илегалци. Активноста на Ибе, во партиската организација во Дебар високо се цени, па во јули 1943 е примена во КПЈ. Оттогаш нејзината активност е се поголема. Таа е огнен агитатор не само во Дебар туку и во околните села. Во септември 1943, кога Италија капитулира, во Дебар се организира народна власт. Ибе деноноќно присуствува на состаноците и конференциите. Кога партизаните се повлекуваат од Дебар, Ибе заминува заедно со нив и стапува во единицата. Меѓутоа партијата ја враќа во Дебар, во илегала, во својство на член на МК КПЈ за Дебар. Нејзината илегална политичка работа се одвива помеѓу женската младина. Непријателот пробувал да ја оневозможи. Да не би паднала во рацете на непријателот или да биде убиена, месниот комитет го одобрил нејзиното стапување во партизани. Ибе се истакнала во партизаните, на 6ти август 1944 станала заменик комесар на чета во Шестата бригада на НОВ на Албанија. Од формирањето на бригадата, бригадата е во постојана борба со балистите. Балистите биле потпомагани од Германците и ги снабдувале со тешко вооружување. Во една таква борба на 20 септември 1944 на периферијата на Кичево, при пробивот на партизаните била во последната група. Во борбата помеѓу селата Премка и Шутово, Ибе е тешко ранета. После два дена им подлегнува на повредите во селото Шутово кај Кичево. За Народен херој на Македонија е прогласена на 8 октомври 1953.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.