Wednesday, September 14, 2011

Односите со Бугарите

македонски партизани

Односите со Бугарите по 09 септември 1944 год.и новата отечествена влада иако се настојува да се воспостават, сеуште не се јасни.
Новите власти сакаат да покажат спремност за соработка, но нивните трупи во Македонија и Србија сеуште се со Германците или пак им го предаваат своето оружје и техника попрвин ними одошто на македонските или српските сили.

Промените на Командантите и некаквите разговори како да се само заради покажување желба, но конкретна корист од Бугарите нема. Тито со сојузниците ги следат работите но тие никако да се расчистат. Тој упатува повеќе депеши. Еве како тие течат:

ДО [Главниот] [Штаб на НОВ и ПО]
НА МАКЕДОНИЈА

13 септември 1944
[Вис]

Преку Радио-Москва сме известени дека Велчев, Министер на новата бугарска народна влада на Георгиев, го сменил досегашниот командант на Петтата бугарска армија во Македонија и го назначил за нов командант – Генералот Кецкаров. На новиот командант му наредил бугарските трупи да соработуваат со вас во борбата против германските трупи.

Во врска со тоа, воспоставете итно врска со новиот бугарски командант и оддржете состанок со него на кој треба освен вас да присуствува и нашиот делегат Темпо, началникот на штабот Генерал-мајорот Илиќ, и на тој состанок да се договорите за заедничката координација на операциите.
Јавете ни ја точната состојба на германските окупаторски трупи, распоредот на вашите трупи и на 5-та бугарска армија за да можеме да ви дадеме сугестии во оперативна смисла.
По ова постапете итно и веднаш известете ме.

Состанок е оддржан на 23 септември 1944 год. во Пехчево. Од македонска страна се: Генерал мајорот Михајло Апостолски - Командант на ГШ на НОВ и ПОМ, Генерал мајорот Павле Илиќ - Началник на штабот и Бане Андреев политички комесар во ГШ на НОВ и ПОМ, како и претставникот на Тито, Темпо а од бугарска: Генералот Кецкаров - Командант на 5-та бугарска армија со соработници. Состанокот е за евентуално бугарско учество во завршните операции или барем предавање на техниката и оружјето за да ги измијат дамките од фашизмот. Од политичките прашања се разгледани и одлуките на АВНОЈ а во врска признавањето на Македонија и од страна на Бугарија.
Тито пак е во Москва за начелно да договара стратегија за содејство со Црвената армија. На 28 септември 1944 год. тој доаѓа во градот Крајова (Романија) каде конкретно преговара со руските воени претставници но и бугарските власти за тоа каде кој би дејствувал за да се спречи извлекувањето на Групата германски армии “Е“.

За разлика од сите кои со години се борат против окупациите и фашистичките ѕверства на своите територии (Русите, народите на екс-Југославија, Британците,) Бугарите пак се во улога на молител да бидат вклучени во завршните борби како би го “испрале срамот од сојузништвото со Хитлер но и ѕверствата кои при тоа ги правеа низ земјите и народите каде извршија окупација“.

Но колку и да сака новата влада, на теренот работите не и одат во прилог, Бугарите и натаму се со Германците или пак одбиваат да се борат против нив. Во најмала рака во позиција да бидат толерирани и од Македонците и од Германците заради исчекување на нивното конечно завземање страна или барем заминување за да не ја зајакнат другата, Бугарите речиси секаде попрвин прифаќаат оружјето да им го предадат на Германците одошто на Македонците.Развлекуваат за да добијат на време со што би добиле почиста ситуација која од алијансите ќе надвладее за таму да се приклучат после се. Под притисок од сојузниците заради пасивноста, новата бугарска влада врши смени на команданти и слични пред се “козметички потези” како би добила изглед на вистински загрижена сојузничка страна. Македонскиот народ е гневен и се почесто неговите единици на терен доаѓаат во судир со Бугарите иако сега се наводни “сојузници”. Тито е принуден да дава инструкции за овој судир:

За Ранковиќ

01 октомври 1944
[Крајова]

Со Бугарија прашањето ќе го уредиме кога ќе дојде кај мене делегацијата.

На МАКЕДОНЦИТЕ ЈАВИ ИМ ДА НЕ ДОАЃААТ ВО СУДИР СО БУГАРИТЕ, зашто сите тие прашања во најскоро време ќе бидат решени*

Од Италија префрлете во земјата се што таму не е неопходно (з.н - следуваат инструкции за другите региони на екс-Југославија – Босна, Хрватска, Србија, Црна Гора како и за ранетите и туберкулозните од истите).

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.