Friday, September 16, 2011

Факти од писмото

Главните македонски раководители - политичкиот Методија Андонов Ченто и воениот Михајло Апостолски

Факти кои се наметнуваат од писмото:

1. По постојаните борби со германско-бугарско-албанските окупатори, Ченто и Апостолски како раководители на ИО од АСНОМ и ГШ на НОВ и ПОМ, опширно им ги изложуваат македонските интереси на членовите на АНОКМ кои приговораат, во однос југословенските и меѓународните.

2. Опширноста на одговорот, сенсот, умерениот тон и повикот кон приговорачите, на АСНОМ да ги искажат своите гледишта, укажува на високо демократско ниво, почит кон поинакво мислење и уважување.

3. Ова, особено се потврдува во делот кој најмногу ги засега и приговарачите и одговарачите – Дали македонскиот народ ќе остане необединет и по војната кога ќе се кројат новите граници? Македонските раководители ја следат меѓународната ситуација и се свесни дека Тито е признат фактор и дека крај него конечно ќе биде признат и статусот на македонскиот народ и држава. Но тие се надеваат да по тоа, ќе можат да предизвикаат и состојби на нужно обединување (примерот на Словенија).

4. Дека и вистински верувале во обединета Македонија, покрај посочувањето на Димитар Влахов се откриваат и самите (обединување им “лежи на срце”). Дека се и задоеници на оваа идеја докажаа подоцна со нивните судбини, особено Ченто како македонски лидер и политичар (Апостолски како војник-Генерал не им смета толку на службите кога ќе расчистуваат со сите што се за целокупна Македонија).

5. Дека оваа идеја е навистина во она време водителка на македонскиот народ, покрај ваквите приговори од тела и одбори, докажуваат и постапките на Тито и Белград. Имено, дури и тие ќе се вовлечат во граѓанската војна во Егејска Македонија, за да го “докажат разбирањето” на чувствата од македонскиот народ за своите собраќа и својата распарчена земја. Расипаноста на Тито е во тоа што откога ќе ја истроши таа голема македонска бунтовна сила во битки по Егејска, со остатоците лесно расчистува и ја става Македонија под свој децениски диктат.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.