Monday, September 5, 2011

Македонците се принудени да ги разоружаат Бугарите


Кај Прилеп, Македонците се принудени да ги разоружаат Бугарите затоа што не сакале да се борат против Германците.
Оваа инструкција, Тито ја дава по депешата од Врховниот штаб (ВШ) од 30 септември 1944 год. со која е известен дека единиците на Македонците дошле во судир со Бугарите кај Прилеп затоа што овие не сакале да се борат против своите довчерашни сојузници – Германците.

Под притисок од општ оган врз нив, двата бугарски полка кои одбиваат да се борат против Германците, се разоружани од македонските сили. Заради напнатоста помеѓу Македонците и Бугарите и низ другите региони на Македонија, ВШ “бара став спрема Бугарите” зашто и нему како ВШ“ не му е јасно дали бугарските единици добиле задача да содејствуваат со Црвената армија” (А-ВИИ,к.26, рег.бр.13-1/13).

Но и речиси месец по ова судирот меѓу Македонците и Бугарите не стивнува а добива и нови пожестоки димензии. Македонците гневни од однесувањето на Бугарите кои се само терет на народот а нема никаква корист од нив, им издаваат наредби со кои целосно ги ограничуваат нивните активности и движења а им бараат и предавање на злосторници и слични барања. Бугарите за ова “плачат” во Москва та дури и Тито е жестоко критикуван од Русите. По тоа Тито праќа една драматична депеша кон Македонците:

[ДО ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НОВ И ПО НА МАКЕДОНИЈА]

20 ноември 1944 година
[Белград]

Наредбата што ја издадовте вие во поглед на бугарската војска, за забрана на нејзиното движење ноќе, укинете ја веднаш *. Исто така, запрете го вашето барање за предавање на воените злосторници, бидејќи е тоа работа на централната влада.

Престанете со заострувањето на односите со бугарската војска, а сите судирања и расправии настојувајте да ги решите на самото место, со помош на руските офицери **. Мошне е незгодно што, дури преку сов[етската] влада мораше да дојде до ваква интервенција, за да се избегнат судирањата меѓу вас и Бугарите.

Би требало Апостолски да дојде во нашиов штаб, а исто така и Боби.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.