Saturday, September 17, 2011

Декларација на АСНОМ за основните права на граѓанинот на демократска Македонија

Декларација на АСНОМ за основните права на граѓанинот на демократска Македонија

2 август 1944 г.

Сите граѓани на федерална македонска држава се еднакви и равноправни пред законите, не гледајќи (на)нивната народност, пол, раса и вероисповеданије.
На националните малцинства на Македонија се осигурават сите права на слободен национален живот. На секој граѓанин му е гарантирана сигурноста за личноста и имотот, загарантирано е правото на сопственост и часната иницијатива во стопанскиот живот.
На секој граѓанин му е загарантирана слободата на вероисповеданието и слободата на савеста.
На сите граѓани им се гарантира слободата на говорот, печатот, собирањето, договорот и слободата на дружението.
Изборното право на демократска Македонија го вршат избирачите со тајно гласуване на основание на општото, еднаквото, непосредното и личното изборно право.
Правото да избируат и да бидат избирани во сите изборни тела во народната власт (го) имајат секој граѓанин и секоја граѓанка кој се наполниле 18 години, ако не се провинени за некоје престапление. До дека траје народно-ослободителната војна, по решение на АСНОМ, може да се отстапи от принципите на тајното и непосредното гласуване.
Малоумните лица, како и лицата кој со провинет по отношение на интересите на народно-ослободителната војна, се лишават от правата по точка 5 и 6 на оваја декларација. Должност и чест е на секој за оружје способен граѓанин, без разлика на народност и вера, да учествуе како војник во редовите на народно-ослободителната војска и партизанските одреди. Се забранува и прогонуваат сите фашиски и профашиски дејствија, оти се против слободата и независноста на братската заедница на народите во Југославија.
На секој граѓанин му е загарантирано правото на жалба против решениата на органите на власта по начин предвиден во законот. Секој граѓанин има право на молба и поплака кај сите државни власти. Народната власт се старае да (ја) отстрани неписменоста и да ја подигне народната култура како и да осигура безплатна просвета.
Во манастирот “Св.Отец Прохор Пчински“ на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 год(ина). За Антифашиското собрание на народното ослободуене на Македонија.

Претседател: Методи Андонов - Ченто
Секретар: Љупчо Д. Арсов
М.А. Ченто, с.р.
Љ. Арсов, с.р.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.