Thursday, August 4, 2011

‎3a Александров

Патувањата на Тодор Александров се рамни на царски патувања, таму каде Ќе стаса Тој, на пример, во некоја далечна долина, долината добива живот, зад секое дрво будно стои стражар, секој жбун во шумата крие две очи, а селаните се собираат крај патеките изговарајки ги во шепт зборовите: “Тодор ќе минува оттука.“

( генерал Томсон во весник Тајмс, Лондон 1923 год.)

Македонците се обединија околу нивната стара институција ВМРО, која како и секогаш предизвикува сеопшто восхитување. Тодор Александров, сакан и уважуван од целиот народ, го зеде во свои раце раководењето со движењето. Роден е во Македонија, 42 годишен. Тодор Александров го посвети својот живот на македонската кауза уште кога беше на 18 годишна возраст. Тој е учител, човек со нескротлива енергија и строга моралност, народот го вика СТАРИОТ и го почитува. Војводите и комитите му се предани до крај. Таа предност е објаснението за неуспехот на српските и грчките власти, да му ги откријат скривалиштата и покрај тоа што Србија, за неговата глава таксува 700.000 динари. Тодор Александров се движи низ цела Македонија како АПОСТОЛ, тој ги посетува сите предели еден по друг. Влегува во села и градови ги собира жителите, им говори, ги советува. Тој никогаш не организира мерки за лична заштита, селаните му се предани, сите знаат каде оди и никој не помислува за предавство, напротив, сите жители на Македонија го чуваат на штрек. Александров е опкружен од една сила која не дозволува негово факање.

(Колинз, за весникот Чикаго Дејли Њуз)

Тој нема да го остави оружјето се дотогаш, додека Македонија не добие слобода. Неговата верба Ќе издржи пред било што. Стари жени, деца, сите работат за ослободителното дело, сите се еднакво предадени на делото и умеат да ги чуват тајните што им се доверени. За комитите на Тодор Александров животот не значи ништо, кога се работи да се посвети за тоа свето дело, за слободата.

(Коментар на публицистот Лонг во унгарскиот Весник, Еко Де Данјуб”, 06.01.1024 год.)

Јас си замислував да сретнам еден страшен управувач, фанатичен и екзалтиран. Но, пред мене стоеше сосема поинаков човек. Слаб, доста висок, бледо лице, правилен профил, со прошарена брада, живи очи, понекогаш умислени, но постојано нежни. Тодор Александров, кој е на 42 години зборува спокојно, слатко, без гестови дури и за најважните прашања, за татковината и за себе. Неговото спокојство и ладнокрвноста предизвикуваат задоволство. И покрај тоа што тој човек е душата на Македонската револиција, има една железна волја, а неговиот решителен дух не престанува да ги восхитува оние кои го опкружуваат”.

(Публицист Пол Ерно, Весник Журнал”, Париз, 1924 год.)

Какви се плановите на тој човек, кој само со еден гест може да ја крене Македонија на нозе? Каде се наога Тој? Поставете ги прашањата на кого сакате, никој неможе да Ви одговори. Белградската влада нуди огромна сума пари на оној што Ќе го донесе жив или мртов Тодор Александров, а тој независно од големите опасности го продолжува своето дело како АПОСТОЛ. Денес тој е највлијателниот меѓу сите Македонци кои се стремат кон независност на Македонија. Неговиот живот е легендарен, тој носи иста униформа како и неговите комити, живее ист живот со комитите, се движи пеш како и другите, спие на земја, честопати се храни само со леб, носи пушка со 250 патрони, бомби, двоглед и раница во којашто е сместена архивата. Тој е војник и дипломат истовремено, тој е шеф на партизанските одреди. На прашањето: дали не се плаши, Тој ни одговори: Ни најмалку. Јас знам ни рече Тој се што се случува на 20 километри од околу нас. Македонија сака независност со главен град Солун. Македонците денес бараат независност во границите на Македонија пред 1912 год., тоа е нашето барање пред Европа. За Србите има само два начина за да ни одговорат: или дефинитивно да не уништат, или да ја признаат нашата независност”.

(Париски Журнал, септември 1923 год.)

Тодор Александров припаѓаше кон оние ретки, но целосно исполнети мажи со сопствена мисија, кој не живееше свој живот, а го живееше животот на својот народ. Непретенциозен, скромен, но притоа со нескршлива енергија и разум, секогаш имајќи ја пред очите големата цел. Се уште го гледам тој редок човек, макар што поминаа 10 години откако го сретнав и зборував со него за прв и последен пат. Освен Лав Толстој никој друг не ми остави таков неизбришлив впечаток, како Тодор Александров.

(Од Спомените на професор Ханс Јубербергер)

Колку голема била љубовта на Тодор Александров кон својата татковина, за да може да го победи како очајот, така и тешката болест на неговите ослабени гради и да вдахне вера кај цел еден народ, да го исправи одново на нозе подготвен за борба? Каква голема човечка особина и каква железна енергија е потребна да го поведеш одново еден осакатен народ по толку преживеани катастрофи. Факт е дека Тодор Александров во тој однос е единствениот историски пример. Дури сега го разбираме смисолот на искажаните зборови од странец кој вели дека не познава помаркантни личности на векот од Лав Толстој и Тодор Александров. Секој еден од тие титани беше единствен не само во своите татковини туку и во светот. А такви луге во историјата не се повторуваат. Ете зашто е толку голема тагата за великиот Тодор Александров. Ете зашто цел народ со стравопочит и благослов го шепоти името на “СТАРИОТ” на верниот свој водач. А за младите: ја преобразува тагата што ги стега во срцата, во волја и енергија за предана служба кон народот.

(Т.Александров во издание на македонската Студентска корпорација Скопје,1943)

Судбината ни определи уште една од најтешките жртви, која ги раскина срцата на сите прогонети Македонци и ја потопи во јад нашата намачена страна (Македонија). Злокобната вест за тоа грозоморно дело што го прекина животот на најдостојниот и најголемиот син на револуционерна Македонија, ја порази со својата одвратност целокупната македонска емиграција во Америка, која што е растреперена, восхитена од великото дело на ВМРО и благовее пред подвизите на нејзиниот прв водач и татко, Тодор Александров.Тој железен човек го обединуваше во себеси целокупното величие на македонскиот дух Историјата на неговиот живот е и историја на револуционерното движење Потомците Ќе им ги запишат имињата на оние (на убијците) со презир на нови ЈУДИ и нови Херостратовци затоа што тој е најсаканиот наш брат, татко и другар носител на народниот маченички крст и на светиот стремеж за самозачувување и поради тоа и сите оние од Европа и од другите страни, а кои се восхитуваат од големото во човекот, за слободата на народите Ќе ги симнат шапките (пред делото на тој покојник). Тодор Александров ја носеше татковината во срцето, во крвта и во целото тело. Александров Ќе биде спокоен и во гробот, бидејќи тој не беше и не е самСветиот блесок на неговиот подвиг Ќе го озорува патот на илјадниците следбеници се дотогаш додека не се извојува слободата на нашата несреЌна борбена татковина.

Поклон пред големината на светоста на АЛЕКСАНДРОВОТО ДЕЛО.

(ЦК на Македонските политички организации, Индијанополис 24-ти септември 1924 год.)

Со своите високи квалитети, и покрај физичките страдања поради болест, која не простува, Александров беше станал легендарен конспиратор, кој дејствуваше неуморно на планините во Македонија. Неговата врховна цел беше независноста на Македонија, која во една самостојна држава Ќе ги вклучи деловите кои сега припагаат на Југославија, Грција и Б’лгарија, и така создавање на еден нов фактор за мир и балканска спогодба.

Грчката и српската политика по тој начин го принудија Тодор Александров и Македонската организација да започнат една енергична борба. Во еден период од три-четири години македонскиот шеф ги сплоти околу себе сите малцинства, незадоволни од режимот установен во Македонија после мировниот договор.

(Весникот Трибун де Женев од 24.09.1924 год.)

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.