Sunday, July 3, 2011

Заштитно писмо за Македонците од австрискиот император Леополд I

На 6 април 1690 година, австрискиот император Леополд I (1657-1705) издал манифест, со кој ги повикува „сите народи кои по сета Албанија, Србија, Мизија, Бугарија, Силистрија, Илирија, Македонија, Расија живеат, да им се придружат на австријците и против Турција на оружје да се дигнат“. Речиси истовремено, на 26 април 1690, Леополд издал и едно писмо со кое го земал под заштита македонскиот народ. Иницијатори на неговото издавање биле Марко Крајда, родум од Кожани и Димитри Георгија Поповиќ, родум од Солун. Во писмото меѓу другото, се декларира:  „македонскиот народ во целост го примаме во секој еден поглед благонаклоно под наша царска и кралска заштита“. На 31 мај 1690 императорот издал уште едно писмо, со кое ја проширил својата заштита на населението во Бугарија, Србија, Македонија и Албанија. Меѓутоа Македонија одново станала длабока провинцијана Османската империја, па манифестот и заштитните писма на австрискиот император не можеле да имаат некое позначајно дејство врз расположбата на македонскиот народ.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.