Tuesday, July 26, 2011

Ѓурчин Наумов - Пљакот


Роден е во с. Сланско, село во близина на Македонски Брод, во 1851 година. Еден од најстарите дејци во Револуционерната организација и чесен борец против беговско-османското ропство. Во март 1901 година, заедно со Јордан Пиперката е вклучен во четата на војводата Н. Русински. Во неа се приклучил и В. Марков. На 30 јуни 1902 година Окружниот комитет во Битола го назначи за крушевски војвода. За време на востанието, при ослободувањето на градот Крушево, Ѓ. Наумов како стар и искусен војвода играл значајна улога во праврењето на планот за борбата. Храбро загинал во борба со многуброен турски аскер во ноември 1904 година кај с. Слатина, Кичевско.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.