Friday, July 22, 2011

Бугарски лаги: Македонците имале исто потекло со „Бугарите„ историографија ги прикажува како турко-монголи

Гагаузите т.е. Бугарите, како сите христијани во Отоманската Империја биле изложени на притисоци за исламизација од нивните отомански браќа, па многу од Гагаузите заедно со словенофонски браќа Бугари од Добруџа, по руско-турските војни од 18 век, се селат во Бесарабија, денешна Украина и Молдавија- руски територии до 1918 г., а подоцна советски. Интересно е што Гагаузите се сметаат за чисти Бугари т.е. прави. Иселените Гагаузи во руската империја до крајот на 19 век, секогаш од страна на официјална Русија се опишувани како Бугари по народност (Скальковский 1836-1838; 1848, Бугньон 1853: 198, Свиньин 1867: 175, Могилянский 1913: 85). Русите, за прв пат ги разграничуваат словенофоните Бугари од Добруџа (мешавина ан турките Бугари и Антите) и Гагаузите во средината на 19 век (Кепен 1850: 196; 1852: 40; 1861: 62, Каранастас-Радова 2001: 23). Во тој период, царска Русија се стреми да создаде руска марионета, вештачка држава Бугарија и нова словенска нација Бугари, од различните словенски племиња кои живееја на територијата на денешна Бугарија. За таа цел, Русите мораа да ги тргнат вистинските Бугари, да им го замрат името, па затоа ги нарекуваа Гагаузи, а вистинските Бугари во Болгаростан (руска колонија) почнаа да ги нарекуваат Татари и го променија името на нивната држава од Болгаростан во Татарстан. Едноставно, мораше да се скрие вистината дека вистинските Бугари се турки народ, азијатомонголски. Сепак, Гагаузите и во 20 век се декларирале по руските пописи како Бугари (Державин 1937: 87), односно како преселници од Бугарија во Русија, со своето вистински национално име (Державин 1914: 13). Гагаузите како најблиски на себе ги сметаат Турците и бесарабските-добруџанските словенофони Бугари (мешани Анто(словени)-Бугари (турки)) и најчесто се среќаваат бракови меѓу нив добруџанските словенофони Бугари (Регионални и етнокултурни български общности зад граница, "Аспекти на етно-културната ситуация", Изд. Асоциация АКСЕС - София, София 2000, стр. 117-176).

Евлија Челеби кој ја посетил североисточна Бугарија во 1651 г., територијата населена во 6 век со туркоБугари, вели дека е посебна област- (Гага) Узка Милет и вели дека таму луѓето носат татарска носија и се од татарско потекло; протоБугарите се Узи. Челебија, цела Добруџа ја представува како населена со турко-татарски народ, или мешавина од словено-татари. За Силистра вели дека е град на Татари, а за потсетување Силистра е центарот на средновековната бугарска црква. Освен Татари, Челеби вели дека во Добруџа има и Читаци- мешавина на Татари (прави Бугари, Челеби ги нарекува така поради правите Бугари од Болгаростан-Татарстан), Словени, Власи и Молдавци. Жените биле заблудени, но христијани, а ја населувале целата област на Добрич. Понатаму зборува за Делиорманци, исламизирани прави Бугари, кои не биле Османци, иако И тие како И останатите жители на Узка-Милет говореле турки јазик, различен од турскиот (османскиот) (“ЗА ГАГАУЗИТЕ” А. И. Манов., Музејна Библиотека, Варна).

Топонимите во североисточна Бугарија, исто така се чисто Турски како: с. Узлар, (уз-лар = узите), Хорозлар, Азаплар, Герзалар, Сонгулар, Сиахлар, Каспичан (едно од бугарските племиња), Кочулар, Дураклар, Гейкчилер итн.

Бугарската официјална историја ги признава Гагаузите за најстари Бугари, дел од бугарската нација, но и туркобугарите од Бугаростан,Чувашија, руските степи итн. (Брошурка “БЪЛГАРИТЕ ИЗВЪН РЕПУБЛИКА БЪЛГАРИЯ’’Пламен Павлов, председател на Агенцията за българите в чужбина (август 1998 - март 2002 г., објавено од ВМРО Русе)).

Значи, бугарската историографија е сосема збунета и дава погрешна слика за денешните словенобугари. Имено, денешните "Бугари" не се етнички Бугари, туку географски Бугари, со исклучок на добруџанските Бугари. Ако денеска се задржале вистинските Бугари на хан Аспарух, со свои традиции и фолклор, го задржиле својот турки јазик, вистинскиот бугарски јазик, испаѓаат ступидни тврдењата на "Бугарите" дека Македонците се Бугари. Па во Македонија нема ниту Гагаузи, ниту православни туркофонични племиња или православни Турци. Уште повеќе смешни се тврдењата дека јазикот на Св. Кирил и Методиј се бугарски, кога во 855 г., годината на создавањето на словенската азбука, Бугарите говореле турки јазик, истиот кој денеска го говорат нивните наследници. Прашањето е дали постои воопшто бугарски словенски јазик, кога се знае дека вистински бугарски јазик, оној туркиот на Гагаузите, Чувашите и Болгаростанците-Татарстанците е се уште жив.

Инаку, денешниве Македонци да имале Бугарско потекло, тие денеска ќе беа туркомонголски народ од жолтата раса, со коси очи и ќе збореа бугарски - турски јазик, оној кој се говори и денеска меѓу вистинските бугари во Чувашија и Татарстан; во таков случај, немаше средновековните македонски книшни дела како „Панонските Легенди“, разните житија на македонските светци да зборат за народот словенски, ами за народ бугарски, немаше да пишуваат словенски, ами турски, како вистинските бугари во Татарстан и Чувашија.

Да се навратиме на етногенезата на Македонците. Македонскиот народ почнува да се оформува како посебен етникум уште во раното средновековие од два носечки столба: античкото домородно македонско население и од Словените, со нивна фузија во еден етнос. Првите византиски документи, македонските Словени ги опишуваат како народ кој е домороден, а не доселен во Македонија. Еден од најстарите историски извори за македонските Словени е „Животот на Св. Димитрија Солунски“ од 6-от век, каде македонските племиња се прикажани како имаат свои кнежевства, потчинети на византискиот Император и своја локална самоуправа на чело со жупани „Evocatis ex tota provincia principibus (жупани) conventum habuit“; извор:Livius XLV. 29. Од истиот извор дознаваме и кои се најголемите словениски племиња „Sclavenorum gens numero infinito ex Dragobitas, Sagodatis, Belegeretis, Baenitis, Berzitis, reliquisque, quae primum uno ex ligno naves praeparare diciderant“ т.е. Драговити, Сагудати, Велегезити, Бенити, Брсјаци...

Нема апсолутно никаков усмен или пишан историски извор, дека античките Македонци мигрирале од Македонија или не дај боже пропаднале во земја, исчезнале. Напротив, нивната крв тече во современите Македонци, било тие тоа да го сакаат или не. Најдобар пример како да го обајсниме словенизирањето и опстојувањето на античките Македонци е, Романија. Тековнава историја не учи дека Словените неколку стотици години живееле зад Карпатите и зад Дунав, на територијата на денешна Романија; но, Романците- наследници на Даките не изумреле, туку уште се живи и живеат во Романија. Така и античките Македонци опстанале, па поради заедничката религија, а со тоа и култура на античкито домородно македонско население и словените, настанала фузирање во еден етникум. Доказ за тоа е и Солун, градот кој беше најголемо византиско упориште, но целосно словенизиран, каде сите негови жители збореле чисто словенски. Во најстарото „Житие на Св. Методиј“ од 9от век целосно се пренесени зборовите на Михаил Трети (византиски император) упатени до Светите Браќа Солунски: „...вие сте Солуњани, а сите Солуњани чисто словенски зборуваат”.

Византискиот Император, Константин Порфиногенет вели: „цела Македонија и скоро цел Пелопонез се словенизирани“ (Ibid; p.86). Значи, денешните Хелени, можат да полагаат право на континуитет со античките Хелени како и денешниве Македонци со античките Македонци. Историските факти велат дека и цела Елада била словенизирана со исти словенски племиња како и македонските. Само во источен Хелас (денеска погрешно го нарекуваме Грција) останале џепови со автохтоно грчко-ромејско население (Macedonia and Greece - The Struggle to Define a New Balkan Nation, John Shea, McFarland and Company Inc., North Carolina, 1997; p.86 ). Не само Хелада, туку и Епир и Тесалија во 8от век биле целосно словенизирани (Strabonos Epithomatus 8 век, C. Muller, Geographi graeci minores, Paris 1882, p.574). Имаме запис дека само грците од Елада поради аварословенските напади, се иселиле од Хелада (Пелопонес) на блиските острови (On the Chronicle of Nonemvasia see Charanis, op. cit., pp. 147 ff.), а на нивно место се населуваат словени; баш тие, денешните „Хелени“ полагаат право на континуитет со античките Хелени, а нас Македонците на прават чисти Словени!

Можеме да кажеме дека Македонците имале први своја држава, со оформен етникум, народ. Веќе во втората деценија 7от век, во Македонија имаме создавање на државна формација, составена од обединетите македонски склавинии, кои дури имале и свој крал (рекс) Хатсон на чело на државата (Mirac.,II ,p.1325-1333). За жал, Византијците го убиваат Хатсон и македонската држава без лидер пропаѓа. Педесет години подоцна, во 70те години од 7от век, македонските склавинии прават нов обид за обединување т.е. форирање на држава; овој пат, крал (рекс) на обединетите македонски склавении е Пребонд, но пак Византија го уништува Пребонда и Македонија потпаѓа под Византиска т.е. Ромејска власт (Извор: "Mirac., II, p.1325-1333. / “Mirac.,",II,p.4, Tougard, p.148-176). Во 9 век хрониката на Теофанес Конфесор спомнува посебна држава „Склавиниа“ во периодот 657-658 г. на просторот на етничка Македонија (Theophanes, Chronographia, edited by Carolus de Boor (Leipzig, 1883), I, стр. 347). Тогаш имаме постоење на посебна словенска држава на територијата на Македонија, но во 658 г. византискиот император Констанс Втори ја уништува Склавинија и пак хрониката на Теофанес Конфесор потоа спомнува само склавинии, но не и држава Склавинија (Ibid., I, 486). Како што гледаме, во исто време кога се формира државата на турските Бугари, се формира и македонска држава, која е со компактен единствен етникум, за разлика од хеторегената етничка слика во бугарската држава, со азијатски и мноштво европски етникуми.

Македонија е лулката на словенската писменост и култура, земјата на словенскиот Ерусалим- Охрид, земјата каде што настанале првите букви и книжевни дела на старомакедонски јазик, јазикот кој стана основа на сите словенски јазици и до ден денешен се служи по православните храмови низ словенските земји, од Македонија па се до рускиот далечен исток, во Азија. Од словенската книжнина за Македонија од средниот век, дознаваме многу детали за етникумот кој ја населувал Македонија. Иако нашиот источен сосед упорно тврди дека Македонците се „Бугари“ од средниот век, пишаните историски извори од средновековните Македонци тоа го отфрлаат. Не постои ниту еден Македонец во средниот век кој се декларирал како Бугарин или пак како Србин. Во “Пофалното Слово за Св. Кирил”, за кое кое се мисли дека е напишано од самиот Св. Климент, стои дека народот кој ја населувал Македонија е словенски или како што таму стои: „многуплодниот народ словенски“ (Извор: „Пофално Слово за Св. Кирил“, Панонски Легенди од Црноризец Храбар, крај на 9ти или почеток на 10ти век). Црноризец Храбар во истите Панонски Легенди, во “Житието Методиево” вели дека „сите солунчани чисто словенски зборуваат“. Во Житието на Св. Наум Охридски, напишано по смртта на Св Наум, од перото на анонимен ученик на Св Климент, во 10от век, пак се зборува само за Словени и за никоја друга народност во Македонија. Бугарската историја не се повлекува од квазитеоријата дека Македонците веќе во 10от век биле Бугари. Подоцна, Македонците не би можеле да станат Бугари оти потпаѓаат под византиска власт во почетокот на 11от век, а подоцна под српска. Но, како што гледаме во тоа време Македонците не биле Бугари, напротив, бугарското име македонските писатели не го спомнуваат.

Уште еден важен историски факт е тоа што Македонците во 10от век имале и своја посебна црковна организација, во времето кога Бугарите веќе имаат оформена бугарска канонски призната Црква, и покрај тоа што северна и центрлна Македонија биле окупирана од бугарската држава. Во Житието на Св. Наум Охридски се зборува за „епископ Словенски“ Марко, четврт епископ на Словените од Девол, што јасно кажува дека средновековните Македонци имале религиска автономија, како посебен етникум во рамките на средновековна Бугарија од 10от век (Извор: „Житието на Св. Наум Охридски“, „Спомен за нашиот преподобен отец Наум“, 10 век, Охрид). Да биле средновековните Македонците потчинети на бугарската или ромејската црква, тогаш, би биле покорни на бугарскиот преславски или ромејскиот константинополски патријарх, и нив би ги славиле и спомнувале по пишаните документи.

Впрочем, во целата средновековната книжнина од Македонија никогаш не се спомнуваат верски лидери од соседните народи, како бугарските или византиските патријарси, но се спомнуваат само државните лидери на окупаторите на македонската земја, бугарскиот и византискиот император. Сите средновековни автори од Македонија, обично, своето пишано дело го завршуваат со годината, името на политичкиот и верскиот лидер (по духовната традиција се пишува и името на нивниот верскипастир) кога е завршено делото или пак настанот што е опишан; како нивен верски пастир секогаш се опишани охридските словенски епископи. Се забележува прифаќањето на световната власт на окупаторските сили, но не и на дyховната власт и некаква верска автономија која се уште не е доволно истражена.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.