Sunday, July 24, 2011

Гоце Делчев

Гоце Делчев
Гоце Делчев (1872 – 1903) е еден од најголемите револуционери во историјата на македонскиот народ, еден од лидерите на Тајната Македонско - Одринска Револуционерна Организација (ТМОРО), подоцна на Рилскиот конгрес 1905 преименувана во Внатрешна Македонско - Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО) ЕДИНСТВЕНИОТ КОЈ ИМАЛ ЈАСНА СВЕСТ, ЗНАЕЛ И ШИРЕЛ ДЕКА САМО МАКЕДОНЦИТЕ МОЖАТ ДА СИ ПОМОГНАТ ЗА ДА ЈА ОСЛОБОДАТ МАКЕДОНИЈА , А ПОМОШТА ОД ДРУГИТЕ ДЕКА E ЛАЖНА.

Диплома на Гоце Делчев за завршено воено училиште

Георги Николов Делчев е роден на 23 јануари (4 февруари, нов стил), 1872 во Кукуш, Егејска Македонија како прво машко дете, трето по ред на бројната фамилија Делчеви која имала вкупно девет деца. Делчев произлегува од релативно добро ситуирано семејство. Татко му Никола Делчев бил кукушанец, а мајка му Султана Нурџиева потекнува од блиското село Мурарци. Во 1879 - 1880, Гоце (Георги) Делчев започнува да го посетува прогимназијалното училиште во Кукуш. Гоце потоа го завршил средното образование во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Се запишал во Военото училиште во Софија во 1891. 



Подоцна, како питомец во военото училиште во Софија тајно ги посетувал социјалистичките кружоци и ја ширел социјалистичката литература, за што е исклучен од училиштето. Делчев станал учител во Бугарското машко трикласно училиште во Штип (Ново село), заедно со Туше Делииванов во 1894 каде што се запознава со Даме Груев, еден од основачите на ТМОРО. Како резултат на блиското пријателство меѓу двајцата, Делчев и се придружил на Организацијата во 1895 набрзо станувајќи еден од нејзините водачи.

Гоце Делчев со Климент Шапкарев и Ефрем Чучков
Во летото 1896, во Солун се одржува конгрес на македонските и одрински револуционерни сили. На конгресот присуствува и Гоце Делчев. Гоце Делчев и Ѓорче Петров се ополномошни да изработат Устав и Правилник, а изработениот устав носи наслов: „Устав на Тајната Македоно-Одринска Револуционерна Организација". Кон крајот на летото на 1896 година станува главен учител во бугарското православно второкласно училиште во Банско, Разлошко. На 1 ноември истата година поради здравствени проблеми си подава оставка.


На почетокот на јануари 1898 год. се установува четничкиот институт, а Гоце Делчев е назначен за началник (испектор) на сите чети во Македонија.
За време на честите обиколки низ Македонија работи на создавање организациона мрежа со здрави и цврсти бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Цел е автономија или целосно ослободување на Македонија и Одринско од османлиското ропство и создавање на независна македонска држава.


мислата на Гоце
мислата на Гоце Делчев
четата на Гоце Делчев
За да го отстрани, или барем да го неутрализира разбивачкото влијание на бугарскиот двор и другата организацијата на македонските емигранти во Бугарија тн. "Врховен македонски комитет", Гоце, и како задграничен претставник, активно дејствувал врз нивните претставници да се откажат од неповиканото мешање во внатрешните работи на Револуционерната организација, која претставува единствен легитимен претставник на македоно-одринското ослободително движење, и да дејствуваат само како помошна сила за материјално помагање на Организацијата. 

Ѓорче Петров, Никола Малешевски и Гоце
Во нивното отстранување, Гоце водел бескомпромисна борба против мешањето на бугарските влади и челниците на врховистичкиoт македонски комитет. Најпечатливи одгласи од неговата борба за зачувување на единството од надворешните мешања имала неговата отворена реплика со претседателот на Врховниот комитет, генералот Николаев, кого го предупредил дека :

- ''додека неговото рамо ја крепи пушката, нема да дозволи присуство на бугарски офицери во Македонија''.


Баба Дона Ковачева со Марко Секулички, Гоце Делчев, Михаил Герџиков, Петко Пенчев и Тодор Станков (сите на задниот ред) во Ќустендил, 1902 г.

Иста цел имала неговата Директива во 1902 година за забрана на влегување на врховистичките чети од Бугарија, како и предупредувањето до официјална Бугарија да не мисли за Македонија, туку да си ја чува Бугарија, зашто Македонците ќе си ја чуваат Македонија.
На редовното советување во декември 1902 година, Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и други водачи на ТМОРО решаваат да не се крева фронтално востание во Македонија, туку да се води партизанска војна. Целта како што изјавил Гоце требала да биде:

- „Hе ние да ја победиме Турција туку таа да не нè победи нас.“

Потоа Гоце оди на терен, а зад грб бугарскиот агент Иван Гарванов свикува јануарско советување, кое според В. Думев (кој работи со Иван Гарванов) "НЕ БЕШЕ СВИКАНО ДА РЕШАВА". (Зборник Илинден 1903-26, стр.114).

Во јануари 1903 година, Гоце Делчев се изјаснува отворено како прв против кревање на востание во Македонија таа година, познато потоа како „Илинденското востание“, како преран и неподготвен чекор. По негова иницијатива во Софија било организирано советување на група македонски револуционери меѓу кои биле: Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Пере Тошев, Михаил Герџиков и други македонски револуционери од централистичкиот лагер на TМОРО. Се разгледувал предлогот за подигање на востанието, кое пред се било заговарано од врховистичкиот лагер на TМОРО (грешката на ТМОРО е да ги вклучи припадниците на ''бугарското тајно револуционерно братство'' во своите редови од кoи произлегува и Иван Гарванов), а најмногу од представниците на Организацијата во Костурско.
На собирот свои излагања имале Гоце Делчев, Јане Сандански, Ѓорче Петров и др. Тие сметале дека меѓународната и внатрешната ситуација на Македонија не е поволна за кревање востание; собирот се искажал против решението за подигање на востание.


...централна организација не била создадена, туку имало неколку мали организации. За неколку години, како и да е, една станала доминантна, таа која што го имала Делчев за лидрер (до убиство). Груев, сегашен шеф на битолскиот округ, Ѓорче Петров и Христо Татарчев како надворешни претставници, тие ги зеле зборовите на Гледстоун за нивно мото „Македонија на македонците“. Тие се изјасниле како различни од бугарите и македонците во Бугарија кои имале оформено постар комитет со центар во Софија.

Според Пејо Јаворов, поет и чест сопатник на Гоце Делчев, Гоце заклучил дека: "TМOРО всушност тргнува по патот на самите врховни комитетети против кои беше војувала најжестоко кога Гоце ги читаше писмата, а тој ги беше препрочитал неколку пати од очите му се одронија солзи, кои паднаа врз шифрираните редови. Гоце чувствуваше дека останува сам: со своите планови, со своите мечти, со своите идеали , со деcетиците чети и со целиот македонски народ!"
На 19 јануари 1903 година, Гоце Делчев со четатa тргнува за Македонија; со него е и Јаворов. Истиот ден пристигаат во Самоков. На 19 март Гоце Делчев со својата чета го минира мостот на р. Ангиста; во воздух бил дигнат и тунелот на железничката пруга. На 19-20 април истата година Гоце Делчев пристигнува во Солун, а сместен е во просториите на Солунската бугарска машка гимназија. Тој има неколку среќавања со Даме Груев и со него го разгледува прашањето за подигање на востанието.
Гоце го напушта Солун и излегува низ вардарската капија и со воз се префрла во правец на Сер.
Вечерта на 2 мај Гоце Делчев пристига во с. Баница, на мала оддалеченост од Серез. За престојот на Гоце Делчев во Баница известена е турската управа за движењето на Гоце и неговата чета .

гробот на Гоце Делчев
Гоце бил предаден уште во Cолун кога бил во бугарската гимназија од страна на ''бугарското тајно револуционерно братство'' и Иван Гарванов, кое сега делувало во редовите на ТМОРО , уште кога бил во Солун а потоа следен

Во зорите на 4 мај 1903 год. Гоце Делчев и неговата придружба се известени од јатаците дека се опсадени од турската војска (аскер). Гоце наредува да излезат од куќата каде биле сместени и да се повлечат за да го спасат селото од зулум. Во текот на денот, на 4 мај 1903 во борбите при излегување од село Баница, Гоце Делчев бил погоден во левата града, паднал врз пушката, се обидел да се крене и паднал мртов.

Гоцевата саможртва за делото на ослободувањето на народот во Македонија и Одринско и создавање на независна или автономна македонска држава му донесе признание и почит. Неговото име стана легенда, вткаена во свеста на македонските народни маси. Неговото име ги возбудуваше македонските поколенија, со тоа име македонските прогресивни сили ја водеа во сосема нова општествено-политичка ситуација борбата на македонскиот народ за национално и социјално ослободување.


Останките на Гоце во 1944 год.
пренесувањето на моштите на Гоце Делчев

Пренесување на Гоцевите останки во седиштето на Илинденската организација

Коските на Гоце на чување во Илинденската организација

Македонија ги пречекува земните останки Гоце Делчев

Сестрите на Гоце

Неговите посмртни останки прво се чуваат во Баница до 1917 година, кога се пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чува во домот на Михаил Чаков, а на него пишувало „Ги заколнуваме поколенијата што доаѓаат светите коски да бидат погребени во главниот град на независна Македонија. Август 1923, Илинден“. Заветот е исполнет и на 11 октомври 1946 година се пренесени во Скопје, во црквата Свети Спас.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.