Sunday, July 24, 2011

Јане Сандански

Јане Сандански
Јане Сандански (18 мај 1872 – 10 април 1915) бил македонски револуционер, раководител и војвода на ВМОРО (Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација).
Роден е на 18 мај 1872 год. во с. Влахи, Мелничко (Сандански, Пиринска Македонија), Бугарија. Потекнува од семејство на земјоделци. Татко му, Иван Сандански, е знаменосец на Кресненското востание, по кое семејството емигрирало во Кнежеството Бугариjа, во градот Дупница, каде завршува основно образование и втори клас гимназија. Две години потоа како чирак го изучува чевларскиот занает; две години работел како молбописец, помошник адвокат во адвокатската канцеларија на својот вујко, а потоа самостојно. Уште во гимназијата почнува да чита револуционерна литература, којашто во него побудува една романтично чуство за долг кон татковината.
Во 1897 година, во Дупница, заедно со 7 други млади Македонци го основа друштвото "Младост", коешто има за цел самообразование и дружење. Две години е претседател на друштвото.


Сандански успева да издејствува, додека Борис Сарафов е претседател на Врховниот Комитет, да му бидат дадени пушки и муниција. Но кога Борис Сарафов е уапсен и на негово место доаѓа генерал Цончев (којшто е човек на бугарскиот кнез), од 1900 година доаѓа во судир со политиката на врховизмот во Македонија. Со помошта на Гоце Делчев, Сандански формира своја чета со којашто во 1900 година навлегува во Македонија (Пирински дел) со агитациона цел.


Тој го минува Џумајскиот, Разлошкиот и други краеви, вршејќи подготвителна работа во служба на Внатрешната Организација. Тој го затекнува тамошното население неупатено кон делото, и неорганизирано - Сандански е првиот организатор во Пиринскиот дел. Во текот на три месеца обиколување, меѓу населението агитира да се купуваат пушки, но знаејќи дека населението е во страшна сиромаштија, а и дека од ВМОК ништо не може дда очекува, Сандански се решава да направи киднапирање.



Движењата во Македонија рано го привлекуваат. Ја сфатил природата на врховистичката акција во Македонија, и си наложил додека добро не се запознае со проблемите на македонското револуционерно движење да не учествува во никакви акции. Во 1899 година, првин од Никола Малешевски а потоа и од Гоце Делчев, Сандански бил запознаен со целите на ВМОРО, каде и официјално станува член.



Во февруари 1899 година Сандански станува како директор на дупничкиот затвор. Го реорганизира македонското друштво во Дупница, кадешто се запознава со Димо Xаџи Димов којшто во тоа време учителствува во Дупница. Подоцна тука се запознава и со истакнатите револуционери како Крсто Асенов, Тодор Паница со кои ќе го формира интелектуалното јадро на Серскиот револуционерен округ.


Со цел да се здобие со пари со коишто ќе го вооружи населението за револуционерна борба, заедно со Сава Михајлов, Андон Ќосето, Андреја Докурчев, Спиро Петров и Бугарите Крсто Асенов и Христо Чернопеев (кои му стануваат „десна рака“), Сандански го извршува познатото киднапирање на американската протестантска мисионерка мис Елен Стон.



Грабнувањето го извршува во август 1901 година, на патот кон село Банско - киднапирани се самата мис Стон, и нејзината преведувачка Цилка (од македонска народност). Сандански пишува писмо до Американската амбасада, и до турските власти со барање на 25 000 златни лири откуп. Турските власти, одбиваат да платат, знаејќи дека тоа ќе им го наруши угледот како империја и во Пиринска Македонија испраќаат многуилјадна војска со цел да се ослободат заложниците, и да се ликвидира четата на Сандански.



Веста за заробувањето брзо се распространува низ Европа и Америка и неколку месеци по ред печатот од целиот свет се занимава со сензационалниот настан. Околу „разбојниците“ и животот на двете заробени дами од планините се создадаваат легенди. Двете заробенички се радуваат на максималниот комфор, коишто можат да им дадат во селските куќи по Разлошко, Џумајско и Малешевско и се предмет на најголемо внимание и грижи од страна на четата и месните комитети.

Сава Михајлов,Јане Сандански и Крсто Асенов

Во 1902 година е ангажиран на ширењето и зацврстувањето на Организацијата и на лечење на раните од врховистичката оружена провокација во Горноџумајско. Жестоко се противи за намерите востанието предвремено да се предизвика. Води битка против решението на Солунскиот конгрес (1903 година) за подигање на востание.
Сепак во почетокот на септември е одржан конгрес во Серскиот револуционерен округ на кое е решено востанието во округот да започне на Крстовден 14 септември 1903 година и да има партизански карактер.
По востанието како претседател на Серскиот револуционерен округ ја предводи левицата на македонското револуционерно движење. Неговата основна цел е да ја сочува целоста на Македонија. Жестоко ги прегонува врховистичките чети од Серскиот револуционерен округ. Особено е знаменит судирот со здружената чета на капетан Јордан Стојанов во април 1905 година кај село Кашина, Мелничко.
Учествува на Рилскиот конгрес во октомври 1905 година. По конгресот судирот помеѓу двете теченија на Организацијата доведува до расцеп. Во тој период Сандански доаѓа до заклучок дека „македонскиот народ е самостоен народ кој има право на самостоен живот“ и затоа “ треба да се борат за издвојување на својата слобода без да се надеваат на туѓа помош, зошто оние кои ќе дојдат да ги ослободат, всушност ќе дојдат да не заробат“ .




Иако бил против востанието не можел да остане на дире од борбата кога таа се разгорела. Се дошло до решение за заедничка борба со четите на Врховниот македоно-одрински комитет. Во Мелничко соединетите чети на Јане Сандански, Јордан Стојанов, Петар Дрвингов, Димитар Зографов, Михаил Чаков, Стојан Малчанков (околу 160 души) на 30 август се судруваат со турски аскер. На следниот ден аскерот напаѓа на селото Пирин, во кое биле четите на Иван Цончев и Анастас Јанков (околу 250 души). Заранта на 1 септември во најкритичкиот момент на борбата на помош доаѓаат четите на Јане Сандански и Јордан Стојанов кои и го паразуваат аскерот. Потоа се префрлат во Неврокопско над селото Брезница. Од таму Сандански се враќа во Мелничко, а истовремено врховистите напаѓаат аскерот во селата Обидим и Разлог, со што го кршат планот на востанието.

Четата на Пирин планина

Серскиот округ, поради неговата географска положба требало да ја сноси на свој грб и борбата не само со аскерот туку и со великобугарскиот шовинизам, претставуван од Кобурзите и лакомата бугарска буржоазија. Во 1900 година започнала борбата со врховистите. Јане Сандански веднаш застанал на страна на внатрешната организација. Врховниот комитет му пратил манлихерки и му наредил да ги сокрие на Сандански. Тој така и направил, но најмногу се скарале додека за претседател бил поставен Цончев. Сандански дошол до заклучок дека треба да се соберат пари за да се купи оружје кое ќе се испраќа во Македонија. Борис Сарафов му ветил дека ќе му испрати вооружување. Потоа кај него дошол Саев кој му потерал пушки а Сандански го одбил. Истото го сторил и кога му испраќале телеграми од Врховниот комитет но тој повторно одбивал. Во опозиција во комитетот останал само тој, Ѓорче Петров и Малешевски. Со тоа започнала и меѓусебната борба. Кога увиделе дека групата на Сандански цврсто се спротиставува, Борис Сарафов го откажал конгресот. Спорот за пушките останал нерасчистен. Борис Сарафов бил уапсен каде подоцна ги убедувал да застанат на негова страна но Сандански во тоа го одбил.

мртвото тело на Јане Сандански
По парчосувањето на Македонија, Сандански решава да ги казни злосторниците, најповеќе царот Фердинанд. Заедно со Михаил Герџиков и Крсто Станчев формирале делегација со цел да ги запознаат со решението Александар Стамболијски (лидер на Бугарскиот земјоделски национален сојуз), Александар Малинов (демократската партија), Иван Гешов (народњак), Андреј Љапчев, Никола Генадиеви други. Го посетиле дури Егзархот Јосиф I. Но ваквите предлози не наишле на подршка. Наскоро по тоа, во пролетта на 1915 г., бил затворен А.Стамболијски, со кого Ј.Сандански најчесто контактирал поради реализацијата на намерата да го убијат Фердинанд. Заради својата непомирлива борба за самостојна Македонија, и за да ѝ се расчисти патот на Бугарија кон нова освојувачка војна, по наредба на кнезот Фердинанд, и десното крило на ВМОРО е убиен во Пирин на 22 април (10 април по старо) 1915 година од реонната чета на ВМОРО од градот Неврокоп, водена од воjводата Стојан Филипов, и поточно од комитата Андон Качарков.

мртвото тело на Јане Сандански
Пренесување на телото на Јане Сандански
Погребот на Јане Сандански

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.