Thursday, February 10, 2011

Бронзена уметност од Македонија


По бакaрот откриен е и калајот кој пак помешан со него, давал поцврста смеса – бронза.


Со многу подобрите особини – тврдоста, лесното топење во однос на бакарните садови поголемата хигиенска сигурност бргу го превзела местото на бакaрот. Со ...ова доаѓа и бронзеното време.
Бронзеното време на Македонија, поради избегнувањето да се истражува повеќе во времето на екс-Југославија во чиј состав бевме, па она што беше е скромно и неуединечно, е најмалку позната културно-историска епоха. Но и при такви услови, излегуваа на површина интересни наоди од ова време со најголем број наоѓалишта во Пелагониската котлина. Сепак очекуваме нови интересни сознанија посебно со најновите интензивни истражувања во Р. Македонија кога на чело на Управата за културно наследство доаѓа Г-нот Паско Кузман и кога се најголемите археолошки активности дури и за светски стандарди. За тие наоди, артефакти и др. научни факти ќе зборуваме кога поподробно ќе се обработат од страна на експертите. Што кажуваат досега обработените?
Според нив културната еволуција на бронзеното време се одвивала во три фази: рано, средно и доцно бронзено време во централниот и Егејскиот дел на Македонија.
Населбите од бронзеното време (евидентирани 50-тина во Р. Македонија), се лоциран...и на високите и речните тераси или во рамнините на вештачки подигнатите височинки – тумби, кои се користени и во поранешните периоди. Ваквата доминантна местоположба на населбите им овозможувала ефикасна одбрана при судирите.
За бронзеното време на Македонија најмногу податоци има од Пелагониската Котлина и од Северна Македонија и тоа од локалитетите : Карамани - “Бакарно Гумно”, Црнобуки - “Висок Рид - Букри”, Радобор – “Канино”, “Варош” - Прилеп, “Градиште” - Пелинце, “Прибовце” - Лопате, “Градина” - Демир Капија, “Кале” – Скопје. Според резултатите од овие истражувања, може да се издвои посебна културна група наречена “Карамани“ која има многу заеднички елементи со културните групи “Арменохори” во делот од Пелагониската котлина кој денес е во Грција (Егејска Македонија), потоа со Малич во Албанија но и Бубањ-Хум во Поморавието.
За населбите од бронзеното време на Македонија и организацијата на животот во нив се смета дека се тоа надземни стамбени објекти, правоаголни, градени од дрвени колци поврзани со преплет од прачки или трска и премачкани со кал измешана со плева но и покриени со слама.
Погребувањето е надвор од населбата, во гробови оградени и покриени со камени плочи или, пак само оградени со необработен камени плочи или само оградени со необработени камења (некроплата во варош-Прилеп). Умрените се полагаат во згрчена положба, но во подоцнежните периоди тие биле спалувани и погребувани во урни (Меџитлија, Крвари – Битола и Варош-Прилеп).
За средното бронзено време може да забележи дека населбите се многу поголеми од населбите на раното бронзено време (Тумба-Радобор и Тумба-Канино во основата имаат пречник од 200 м.). Од ова може да се заклучи и дека се работи за помирен и постабилен период кој води кон послободен развој на населбите. На развиено занаетчиство и послободен развој ни укажуваат и бројните археолошки наоди и од локалитетот Св. Недела – Асамати, на источниот брег од Преспанското езеро, кои му припаѓаат на средното а делумно и на доцното бронзено време. Земјоделието, сточарството и ловот и натаму имаат значајна улога како во претходните периоди на праисторијата.
Доцното бронзено време е сепак повторно немирно и бурно. Пак се случуваат поголеми преселби на разни културни групи кои со тоа преселуваат и нови културни елементи. Истите ќе имаат свое влијание и во следниот период – железното време, со што ќе дојде до формирање на палеобалканските народи.
менада


Тетовска Менада претставува бронзена статуетка најдена во Тетово. Датира од VI век пред нова ера.
Менади биле придружнички на богот на виното Дионис и за време на прославите во негова чест ги прелагале своите услуги на присутните.


релјефна чаша


Релјефна чаша со симболот на вечноста (Коловрт). Датира од III-II век пред н.е.
Пронајдена е на археолошкиот локалитет Вардарски Рид - Гевгелија, Република Македонија.


златна маска


Златна маска од кнезовата некропола,Охридско,од железно време,6 век п.н.е. локалитет Требениште.

склуптура на машко тело


Адам од Македонија претставува склуптура на машко тело во седечка положба пронајдена на локалитетот Говрлево во близина на Скопје, Република Македонија.
Адам од Македонија (Адам од Говрлево) е една од најстарите скулптури на човечко тело во Европа и се проценува дека датира помеѓу 4ти и 3ти милениум пред новата ера.


топчеста окарина


Македонскиот уникатен инструмент, топчестата окарина со три отвори. Датира од неолитскиот период (стара е околу 6000 години).
Изработена е од теракота и е пронајдена во 1989 г на археолошкиот локалитет Чашка, Мрамор, Велес. Ова е и единствен ваков инструмент пронајден во Европа.
Окарината и покрај староста е сеуште функционална и на неа може да се свири.
бронзена скулптура на богот Силен


Стилизирана бронзена скулптура на главата на богот Силен.
Пронајдена на локалитетот Исар, село Марвинци, валандовско, Република Македонија.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.