Thursday, February 10, 2011

„Жена која седи“ фигура од енеолитско време од Македонија

На подрачјата од Македонија врз основ истражувањата на енолитот (бакарното време), се издвојува регионална културна група во Пелагонија, т.н.р “Шуплевец – Бакарно Гумно“.
Во овој комплекс се синхронизираат и локалитетите од микро-регионите во Кумановската котлина и источно-Брегалничката долина.
Повеќе енеолошки наоѓалишта се евидентирани со теренски опсервации, а на некои од нив се извршени истражувања : “Шуп...левец – Бакарно Гумно“, Црнобуки (Пелагонија), Скопско Кале, Костоперска Карпа (Куманово), Пилаво (Кочани), Устие на Дрим и Црквени Ливади (Струга) и др.
Населбите од овој период се лоцираат главно на издигнати платоа, понекогаш на тумби, на природно заштитени места погодни за надгледување и одбрана. Исклучок се наколните живеалишта крај Охридското езеро или во р. Дрим.
Од бакарот се изработувал накит, оружје и орудија кои воедно го иницирале развојот на првобитнитата трговија. Луѓето од оваа време се занимавале и со земјоделие, сточарство и лов иако сеуште на примитивно ниво.
Куќите се со правоаголна основа, градени од дрвени колци и прачки, или од камења, а како врзиво ги користеле калта и плитарот. Подот е од набиена земја, а покривот од лесна конструкција, обично од две води. Се користат и некои техники на за...штита за дрвото па таванските греди се премечкуваат со смоли и сл. природни средства. Внатрешноста често е поделена со преградни ѕидови.
Покрај интензивната керамичка обработка со нови умешни начини на украсување интересни се и други напредувања. Садовите за чување храна сега се големи, со конусна и благо биконусна форма. Грнињата и чашите за секојдневна употреба, плитките чинии, елипсовидните и кантаровидни биконусни форми, сликани се со геометриски мотиви во графитна техника, на темно сива мазнета површина.
За прв пат се појавуваат и камени чекани издлабени по ширина, за вметнување на дрвена рачка, како и плоснати секири засечени кон тапата страна. Од посебна важност за овој период се камените калапи за лиење на бакарни ленти, валчести прачки, кои биле доработувани и дооформувани во бодежи, секири, клинови и длета, што сведочи за постоење домашно производство и познавање на техниката на леење во Македонија. Ова особено ни го потврдуваат бројните наоди од локалитетот “Пилаво” - Кочанско, каде е откриена двослојна населба и која се доистражува. Како врвно достигање на крајот од енолитот треба да се споменат наодите од с. Враништа, Струшко како и од Прилеп. Тоа се лиените бакарни секири со едно сечиво и отвор кај тапиот крај, каде се вметнувала дрвената рачка.
На локалитетот “Пилаво” - Кочанско, пронајдени се и повеќе стилизирани зооморфни и антромпорфни глинени фигурини. Некои од антропоморфните се со нагласена стеатопигија, понекогаш украсени со вмрежани кружни, полукружни и аглести линии. Школките се користени за изработка на накит.
Земјоделието е сеуште примитивно, сочувани се орудија од обработен рог-мотики. Инетересни се и влошките за секири изработени од животински коски или еленски рогови.
За ткајарството на тогашната домаќинка ни потврдуваат бројните биконусни, конусни, валчести и плоснати прешлени за предење.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.