Saturday, August 15, 2020

Запис на учителот Ѓорѓи МАКЕДОНСКИ за своето потекло 1846 година

Да се знае кога селаните од моето родно село Радибуш , Криворечка Паланка , ме главија за учител во нашето селско училиште и за Ранковце и за Криви Камен , за 1800 гроша годишно . Роден сум од татко ми свјаштеник Димитрија и мајка Варскија како седмо дете од дванаесетте деца , пет машки и седум женски . Славјанското писмо го изучив од татко ми Димитрија Маќедонски , кој така се вика зашто сме Маќедонци а не Грци а неговиот татко се викал Јосиф , свјаштеник а неговиот дедо Стоиман , свјаштеник . И ја прекарот си го зедов Маќедонски а не по татко ми и по дедо ми , за да се знае оти сме Славјани од Мaќедонија . 

Ден Голема Богородица на 1846 година .

Ѓорѓија Мкедонски 


Учителот Ѓ.Македонски , родум од с.Радибуш  (Кривопаланечко) по повод на стапуцањето на учителска должност во родното с.Радибуш , го оставил овој запис со фразата вообичаена за тоа време : "Да се знае" (Знано будет...) 

Sunday, September 30, 2018

Македонски скапоцености во Бугарските музеи 5 дел







Сребрена кутија и опкова за мошти (реликвијар)
Се чувале во охридската црква „Света Богородица Перивлепта“. Сребрената опкова е наменета за черепот на светителката Матрона и има несекојдневни филигрански работи. Датира од 1789 година. Таа е изложена во музејот заедно со сребрената купија од подоцнежен период – 1811та со сцени од житија.




Икона на Исус со врзани раце
Оваа икона е одземена од охридската црква „Света Богородица Перивлепта“, и таа била дел од иконостасот.








Фрагменти од брознен полилеј (лустер) од Марков манастир
Полилеј со повеќе мотиви направен во 14 век, како подарок на кралот Волкашин за манастирот. На него се врежани имињата на Кралот Волкашин.










Реликвии од црквата „Света Богородица Kосиница“, во близина на Kавала, Егејска Македонија
– Икона на Богородица Одигитрија, работена во техника темпера на дрво со сребрена опкова,
– Крст од 1786 година со позлатено сребро, разнобојни стакла, корали. Двострано украсена со крштевањето на Исус, и Распетието христово од другата страна.
– друг крст од 18 век,
– ковчеже за мошти од 1630 година…Убавата резба се гледа на крстовите кои бугарската војска ги земала од црквата „Света Богородица Илокали“ од Серес, Грција и на кои доминира мотивот на распнувањето. Меѓу десетина крстови тешко е посетителот да се определи за најубав, но по своја убавина и оригиналност се одликуваат оние од манастирот „Света Богородица Kосиница“ од Егејска Македонија. Изложени се и повеќе кутии за мошти, рипиди од неколку манастири во Грција – „Свети Јован Kрстител“ и „Свети Теодор“крај Серес, сребрени кадилници, садови за светење вода… Од овие манастири била собрана и разна свечена облека на црковните достоинственици.

Saturday, September 29, 2018

Македонски скапоцености во Бугарските музеи 4 дел



Сребрено ковчеже за подароци (за чување на светиот леб) од манастирот „Свети Наум Охридски“
Направено е во 1833 година во форма на трикатна ротонда и на него се претставени ликови на светите Седумчисленици: Св. Кирил и Методиј, Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј. Во долниот ред е напишано на грчки:
“Се украсува овој свети кувуклиј за светиот леб на светиот и богоносен отец наш Наум Чудотворец со трудот и иждивението на себлажениот катигумен господин во Христа Дионисиј од Анадолија и епархијата на Теодосиопол во година 1833, први јануари. Од раката на мене смирениот златар Георги Статис. Спомни ги Господи сите благочестиви и православни христијани, кои се помазуваат во овој свет манастир. Во деновите на сесветиот митрополит на светите Преспи господин Калиник “.




Сребрено ковчеже за мошти
Одземено е, исто така, од манастирот „Свети Наум Охридски“, а датира од 1837 година. Изработено е од сребро во елипсоидна форма со главен мотив на „Оплакувањето на Христос“.



Полилеј од св. Богородица Перивлепта – Охрид
Бронзен полилеј составен од 19 дела. Сега е за првпат реконструиран неговиот целосен изглед.






Две Царски двери, едната од св. Богородица Перивлепта – Охрид
Во Музејот изложени се две царски двери, од која едната е спомената дека потекнува од иконостасот на катедралната црква св. Богородица Перивлепта – Охрид

Thursday, September 20, 2018

Македонски скапоцености во Бугарските музеи 3 дел


Триптих-поменик од Слепченскиот манастир
Датира од четириесеттите години од 16 век и се користел за време на богослужбите. На него се испишани многубројните имиња на достоинствениците кои се спомнувале во литургиите. „Помени ги, јеромонаха Серафима, Самуила, Анастасија…“ се чита од големиот запис составен најмногу од имињата на оние кои се спомнувале на богослужбите.Триптиси од непознати македонски манастири
До слепчанскиот трптих, е уште еден триптих од непознат македонски манастир но од имињата на селата кои се споманти се заклучува дека е од битолско, прилепско и охридско подрачје.




Опкова за евангелие од 14 век со поправки од втората половина на 17 век.
Направена од ковано сребро со позлата опковата се наоѓала во охридската црква „Света Богородица Перивлепта“ и на неа е претставен мотив на распнувањето на Исус Христос. Една од додадените делови при поправката е и представа на Св. Климент во епископска одежда.
Поправката е документирана со текст од авторот: “Направи Никола, син на Андроник Фронимака”




Kрстови од 17 век
Резба со повеќе мотиви од животот на Исус Христос во сребрена рамка и со филигрански мотиви. Оние од фотографијата се од манастирот „Света Богородица Kосиница“, во близина на Kавала, Егејска Македонија.

Sunday, September 16, 2018

Македонски скапоцености во Бугарските музеи 2 дел





Икона „12 Господови празници“ од 12 век
Се чувала во Охрид, не се знае во која црква. Изработена е од лазардит и врамена во дрвена рамка. Има дванаесет празнични сцени од животот на Исус и на Богородица – Благовештение, Роаждество Христово, Сретение, Kрштевање, Влез во Ерусалим, Воскресение и т.н…



Препис на хрониката од Јован Скилица
Всушност, тоа е стар препис од 13 век на оригиналниот Запис за историјата на Византија, кој познатиот византиски хроничар го создал кон крајот на 11 век и кој се чувал во Охрид. Постојат преписи и во Ватикан, Париз, Виена и Мадрид.




Икона на свети Јован Златоуст
Ликот на овој светител ретко се наоѓа на иконите. Оваа потекнува од крајот на 14 и почеток на 15 век и е во техника темпера на дрво.



Икона на свети Kлимент Охридски
Изработена е во 15 или 16 век во техника темпера на дрво, со димензија 35 на 27, и се чувала некаде во југозападна Македонија. Најпозната икона на овој голем светител.

Sunday, September 9, 2018

Македонски скапоцености во Бугарските музеи 1 дел













Архиепископска митра
Подарок од Венеција изработен од тамошните златари за охридскиот архиепископ Јосиф (1719-1745), тежок 1,5 килограм чисто злато и украсен со 329 скапоцени камења. Оваа митра подоцна ја носеле сите охридски архиепископи, а се чувала во охридската црква „Света Богородица Перивлепта“.




Седумвековна плаштаница од „Света Софија“
Му била подарена на охридскиот архиепископ од императорот Андроник Втори Палеолг во 1298 година. Изработена е од двослојно платно, извезено со златни и сребрени конци. 




Плаштеница св. Евхаристија
Од црквата „Богородица Перивлепта“ Охрид.




Плаштеница од 1796г., од Манастир Св.Наум Охридски



Вратата на црквата „Свети Никола Болнички“ од 14 век
Двокрилна врата со резби и барелјефи на која се врежани ликови на повеќе животни кои во христијанството се сметаат за чувари. Некои делови се направени во 13-14 век. Се смета за најстар споменик на резбарството.

Monday, June 20, 2016

Македонско културно богатство - 19 и 20 век

Аванка, сад за вода, 1869 год., Струга
Бардак, сад за вода, XX век, с. Грбовци, Радовиш
Гргулка, сад за вода, XX век, Ресен
Грне, сад за вино, XX век, с. Дуње-Мариово, Прилеп
Каленица, сад за вино, XX век, Ресен
Кондирче, сад за вода, XX век, с. Старо Нагоричане, Куманово
Крондир, сад за ракија, XIX век, с. Ратево, Берово
Крстелник, сад за крстење вода, XX век, Кратово
Мангалче, сад за варење кафе, XX век, Велес
Пагурче, сад за ракија, XX век, Струга
Плоска, сад за ракија, XIX век, с. Владимирово, Берово
Поче, сад за вода, XIX век, с.Кракорница, Гостивар
Воскресението Христово, 1887 год.
Св. Димитрија, 1890 год., непознато потекло
Св. Кирил и св. Методиј, XIX век, непознато потекло
Ѓум - Стомна, XVIII - XIX век, Скопје
Вез на долниот дел на женска кошула, XX век, Мариово
Вез на долниот дел на женска кошула, почеток на XX век, Скопска Црна Гора
Вез на невестинска кошула, XIX век, Скопска Црна Гора
Вез на невестински превез, XIX век, Струшко
Детаљ од иконостасот во манастирот Свети Јован Бигорски, 1835 год
Ѓердан со антички монети, XIX век, Скопски регион
Седмочислениците, св. Еразмо и св. Јован Владимир, црква Св. Никола-Геракомија, 1862 год., Охрид
Женска кошула, крај на XIX век, Скопска Блатија
Женска невестинска крпа, XIX век, Поречје
Женска носија
Ибрик, XVIII - XIX век, Скопје
Иконостас во манастирот Свети Јован Бигорски, 1835 год
Карта за вино, XX век, Скопје
Колан со Пафти, XIX век
Ковчеже, XIX век, Охрид
Пафти, XIX век
Ракав на женска кошула, почеток на XX век, Скопска Блатија
Саан, сад за храна, XIX - XX век, Скопје
Тепелак, невестински накит за глава, XVIII - XIX век, Кичево